РОДИНА МАКЕДОНИЈА НЕ ЈА ПРИЗНАВА НАЈНОВАТА РАТА НА НЕ-НАУЧНО ОСНОВАНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА
Новите 14 дена ѓутуре вонредна состојба на нелегитимната Хунта во соработка со квази-опозицијата во време кога многу земји почнаа да се отвораат, ја покажуваат нечовечната, грозна и крвничка намера да ја доурнат Македонската економија во налудничавата трка кој повеќе да им се допадне на глобалофашистите чии слуги се и сдс и дпне. Македонскиот народ последниве денови со радост го чекаше светлото на крајот на тунелот и крајот на вашиот обид за незаконски домашен затвор и уривање на економското и социјалното ткиво. Народот очекуваше понеделник кафе в кафана, угостителите исто чекаа, туристичката сезона е уништена. За малите и средни фирми кои едвам можеа еден два месеци максимум на бедните резерви да ја издржат вашата со ништо непредизвикана сурова одмазда кон Македонците, ова сега веќе ќе биде крај за многу…