РЕАКЦИЈА НА НЕЗАКОНСКОТО ДРЖЕЊЕ НА МАКЕДОНЕЦ ВО СТРАНСКИ ЗАНДАНИ БЕЗ СУД И БЕЗ МОЖНОСТ ДА СЕ БРАНИ!
РОДИНА МАКЕДОНИЈА секогаш ќе се бори за ниеден Македонец да не смее да биде држан незаконски и без суд в зандани, и во татковината а уште повеќе во странство. Затоа Родина Македонија го крева својот глас за ослободување од веќе седум-месечниот притвор без судење на Љупчо Палевски, македонски државјанин, кој се наоѓа во екстрадициски притвор во Република Србија, и давање можност да одговори на било какви тужби од слобода и од својата татковина. Не е Македонски ниту Родински никој да не крене глас, без разлика што се работи за политички конкурент, тоа е најмалку важно, најважно е Македонец а уште повеќе голем патриот, затворен без суд во странство, ни државата и нејзините правосудни органи, ниту пак неговата партија Глас (која бизарно и спротивно на своето име, токму остана…