ОКУПАТОРОТ НАТО И 114те ПРЕДАВНИЦИ
Се случи и тоа, фашизмот триумфираше во центарот на Скопје по втор пат во еден век. По втор пат фашистите преку негација на Македонците прогласуваат своја држава на територијата на Македонија. Првиот пат тоа го сторија во 1944 година, преку бугарска воена агентура со помош на домашни предавници, а сега со албанската терористичка инсталација и повторно со одред домашни предавници, 114 на број. И нормално, посредникот го има главниот збор на својот јазик, тогаш на бугарски, сега на албански. Продадените македонски души седат во собраниските столчиња и аплаудираат, веројатно секој пропорционално по интензитет со колачот што го голтнал. Вреди ли? Вреди ли ова предавство за срамот што нивните семејства со генерации ќе ги јаде читајќи си ги имињата во историските читанки на своите блиски во својство на предавници?…