Реакција на Родина по повод преименувањето на МАНУ и станување дел од антиуставната креација „Северна“
Да се биде академик значи да си на врвот на научната мисла каде мислата е најсветла, значи со своите научни дела да си прв и најдобар во служење, просветлување, визионерство за својот народ. За тоа народот и вредно те наградува од неговата каса која се вика Буџет на Р.Македонија. Таа каса и тој народ не се ниту политичките партии кои се минлива категорија, ниту меѓународни организации кои се исто така минливи. Единствено нешто што е константа веќе неколку милениуми е Македонија, Македонци, Македонско, одржувана со крвта на револуционерите, просветленоста на духовниците и од мислата на светлите наши учители кои преку медиумот традиција народот ја пренесува од колено на колено Вашето предавство на идеалите на Македонија и македонскиот народ, поготово од позиција на академик е многу поголемо него ли…