Реакција на ИО Родина за таканаречените претседателски избори во Северна

Обидот на нелегитимната власт да организира избори по мерка на странскиот фактор заврши неуспешно. Народот веќе одамна ги препозна предавничките игри и на таканаречената власт но и на таканаречената опозиција, кои во служба на надворешни корумпирани политички елити претставени како меѓународен фактор, повторно ги применија сите „балкански“ методи за фалсификување на избори. Но и покрај сите предизборни и изборни манипулации, со заеднички сили, глумејќи демократија а спроведувајќи лудило, сдс и дпне официјално едвај постигнаа цензус од 40%. Неофицијално и реално бројката е многу помала, имајќи ги во предвид официјалните 4% неважечки гласови, но и насила вадените од дома гласачи, купените со пари и уценетите со работни места. Родина му честита на македонскиот народ за правилната одлука да ги бојкотира овие нелегитимни и недемократски избори. Родина повторно апелира криминалците…

ПрочитајРеакција на ИО Родина за таканаречените претседателски избори во Северна

Стокхолмско-македонско-словенски синдром (Кога жртвата се вљубува во својот убиец)

Текстот не е препорачлив за лица испод 18 години како и лица со политичка нато/еу интоксикација. Системско-политичкиот ѕвер кој денеска не јаде како македонски народ и држава Македонија, е роден некаде после втората светска војна од тајната служба на бивша Југославија. Зачнат е од западните антимакедонски/антисловенски служби во текот на групното фашистичкото силување врз словенските народи во периодот 1941-1944год. Ова силување било планирано да заврши со убиство на жртвите, бришење на словенските народи, но во последен момент се појавил рускиот херој кој при тој напад едвај се спасува себе си, но ја спасува и жртвата, словенските народи, и веднаш стапува во брак со неа. Но тука на сцена стапува еден познат и досега сеуште неразјаснет психолошки проблем наречен Стокхолмски синдром. Станува збор за појава кога жртвата се вљубува…

ПрочитајСтокхолмско-македонско-словенски синдром (Кога жртвата се вљубува во својот убиец)

Бојкот како план А!

Проектот Република Северна Македонија е пораз на комплетниот општествено-политички систем, пораз на државниот апарат кој секоја година троши милијарди евра народни пари од буџетот на Република Македонија, со кои пари треба да се развиваат, промовираат и бранат македонските вредности и интереси, а не да се продаваат, со кои пари треба да се креираат подобри услови за нашите деца, наместо немо да се гледа како тие заминуваат. Уште од првите денови на независна Република Македонија овој систем се подигаше врз коските на македонските титани на македонската револуционерна борба, врз коските на трудољубивите и чесни Македонци кои беа судени, ликвидирани, затварани, прогонувани за Македонија од кастата која служеше на туѓи центри. Систем подигнат врз непотизам, кодошлук и неквалитет, флоскули и квази-идеологија, каде неспособните се обединија за да владеат со помош…

ПрочитајБојкот како план А!

Македонците во сопствената држава за 28 години независност имаат се помалку човекови права.

Македонецот преку својата вековната борба за слобода и сопствена држава, конечно после многу жртви и пролеана невина крв, после втората светска војна а во рамките на југословенската федерација се избори за својот вековен стремеж. Оваа борба се круниса со референдумот за независност во 1991 год.  Но и покрај формалната слобода, многу основни човекови права останаа неостварени. Во една, колку е можно, куса форма ќе се обидеме да ги представиме основните човекови права опфатени од Универзална декларација за човекови права (УДХР) — декларација донесена од Генералното собрание на Обединетите нации на 10 декември 1948 г. во дворецот Шајо, Париз. Поради интерес на просторот и изобилството со содржини ќе го опфатиме периодот од осамостојувањето па до денес. До 2001 година конкурирањето за било кое државно место, работно или едукациско, се…

ПрочитајМакедонците во сопствената држава за 28 години независност имаат се помалку човекови права.

Пост-западна Македонија

Ја имавме таа несреќа и ние да бидеме една од земјите врз кои е извршен државен удар од страна на моќната западна служба, служба со која Зоран Заев се закани на тогашниот премиер Никола Груевски. Хибридна војна која трае многу години, а во последните неколку гледавме како одредени западни служби работеа интезивно со нивниот невладин сектор, нивната терористичкатa операција Диво Насеље, до социјален инжинеринг воден од нивните највешти манипулатори, каде по утврден шаблон се креира слика на фашистичка и репресивна власт, власт која треба да биде урната. (Види денеска Венецуела со Мадуро, а од минатото Либија со Гадафи, Сирија со Асад, Ирак со Садам и Србија со Вучиќ). Денеска во новата креатура која се повеќе наликува на концентрационен логор за Македонците, таканаречената Република Северна Македонија, не постои Устав,…

ПрочитајПост-западна Македонија

Очекуваното Обраќање во Собранието на Доблестниот Пратеник за Спас на Македонија и Нов Почеток!

Колапсот на партиската политика е видлив насекаде. Боде очи и да не сакаш да го видиш. А како може се да тргне на подобро ако само еден од нив да се осмели, да покаже образ, интегритет и совест. И ќе тргне лавината, ќе се разбудат и други. Не се сите од камен, без срце, мозок и чест. Говор кој посакувам некој да има храброст да го одржи. Пратеник и представник на Македонскиот Народ се обраќа во Собранието: Како што стојам денес овде пред вас на говорницава во парламентот, ги гледам лицата на пријателите и колегите со кои работев заедно, се борев заедно, победував и изгубив заедно. Добри мажи и жени од обете страни. Ние и партиите што ги претставувавме со децении се боревме за нашите верувања и се…

ПрочитајОчекуваното Обраќање во Собранието на Доблестниот Пратеник за Спас на Македонија и Нов Почеток!

Родина Промотивно видео и БојкотирамПИ

Видео во кое накратко се представени причините за бојкот на предстојните претседателски избори, за отрезнување на македонскиот народ и превземање на акција за спас, заедно со сите слободолјубиви народи во светот. Родина, партија на обесправениот народ. Придружи се во нашата заедничка борба за Македонија. https://www.youtube.com/watch?v=fDoqDZ5LdA4

ПрочитајРодина Промотивно видео и БојкотирамПИ

US Policy to Encounter Another Strategic Defeat in Macedonia? – Горан Шумкоски (Објавено на англиски во глобален медиум. Ја шириме вистината за македонската борба.)

Објавено за глобалната публика на англиски јазик. Ја шириме вистината за Македонската Борба.

ПрочитајUS Policy to Encounter Another Strategic Defeat in Macedonia? – Горан Шумкоски (Објавено на англиски во глобален медиум. Ја шириме вистината за македонската борба.)

Брегзит и Македонија – Игор Силјаноски

Секоја една држава, без оглед на нејзината големина и сила е нападната од најновото чудовиште на 21-виот век, либералниот глобализам. Во овие тешки времиња, кога македонската политичка свита, самата, без дозвола од македонскиот народ, го смени името на државата, сведоци сме на повеќе такви “доброволни” отстапувања и во други земји. Ако ние сме најеклатантниот пример за кршење не само на демократијата туку и на човечкото право на самопределување, Обединетото Кралство може да го заземе второто место за недемократско одлучување преку игнорирање на волјата на народот изразена на референдумот за излез од ЕУ. Дали Обединетото Кралство и Македонија ја губат својата битка за сувереност пред нападот на либералниот глобалистички проект наречен ЕУ, секоја на свој начин? Од поодамна во Обединетото Кралство постои поделеност по прашањето на членството во ЕУ,…

ПрочитајБрегзит и Македонија – Игор Силјаноски

КРИМИНОКРАТИЈА

Општо прифатено начело е дека секоја демократска држава треба да поседува соодветна поделба на власта. Владеењето во современите држави е потпрено на три носечки столбови, три типови на власт, судска, извршна и законодавна. Судството е еден од основните, еднакви по вредност столбови на современата демократска држава. Сите три делови од власта му служат на народот и мораат да внимаваат еден на друг за да се обезбеди одговорност за нивните постапки и активности. Во една демократска држава во која постои владеење на правото, ниту еден столб на власта не смее да делува само во полза на сопствените интереси, туку во интерес на народот во целина. Во демократските држави каде постои целосно владеење на правото (“Etat de droit” или “Rechtsstaat”), сите три столба на власта мораат да делуваат врз основа…

ПрочитајКРИМИНОКРАТИЈА