Независно од тоа што Родина Македонија го почитува јасно изјаснетиот став на македонскиот народ на референдумот од 30 септември 2018 година, НЕ за Преспанскиот, НЕ за НАТО и ЕУ, Родина Македонија во целост го отфрла овој предлог, како многу штетен и опасен по идентитетот на македонскиот народ и македонскиот јазик и опстанокот на македонската држава!
Тука нема да правиме целосна анализа на предлогот, само ќе се осврнеме на основното ултимативно инсистирање, во однос на внесувањето на бугарскиот народ во Преамбулата на Уставот на Р.Македонија, нешто што и владеачките партии, но и најголемата опозициска партија многу лековерно го прифаќаат, како не опасно и еднократно удоволување на големобугарските апетити, наводно покриено со гаранција за еднократно барање!?
Всушност, како што Преспанскиот договор во целост го отфрли значењето на АСНОМ, како завршница на вековната борба на македонскиот народ во оформувањето на сопствена македонска држава, и покрај неговите бројни недоследности (бришење на името на државата, идентитетот, историјата, бројни забрани итн), ова актуелно дополнение на Договорот со Бугарија, во целост го руши значењето и тежината на уставотворноста и сувереноста на македонскиот народ и народностите кои учествуваа во НОВ, како директни носители во оформувањето на државата Македонија на АСНОМ 1943 год, односно потврдува отворена тенденција за бугаризација на македонската држава, но и за маргинализација и бугаризација на македонскиот народ.
Со ставањето во Преамбулата, на бугарскиот народ, како конститутивен народ на Р. Македонија, се маргинализира и релативизира антифашистичката борба во НОВ и македонскиот народ. Македонците го губат правото на ексклузивитет во оформувањето на македонската држава преку антифашистичката борба и се релативизира нивното значење во градење на постулатите на АСНОМ, БАЗАТА НА ОФОРМУВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА!
Родина Македонија ги поддржува и учествува во протестите против потпишувањето на овој т.н. модифициран предлог, кој покрај посоченото, содржи и други проблематични делови, како што е нејаснотијата со статусот на македонскиот јазик, Протоколот за почеток на преговорите, кој во целост ја става Македонија под бугарска администрација, целосната потчинетост кон Бугарија во процесот на преговорите, преку член 11 и 14, кои инсистираат, ја детерминираат промената на Уставот, како услов за старт на преговорите, контрола и условување со историските прашања, образованието, културни прашања, промената на учебниците итн.
Апелираме да не се подлегне на евентуална измама од парламентарната опозиција, преку паролата „Предлогот не го одбиваме, туку не го прифаќаме во оваква форма!“
Поддршка за протестирање, но не и подлегнување на досегашните тенденции за едноставна промена на власт во државата, со паролата -изборот е еден, евроатлантски!
Не! Изборот е широк и многустран, само треба да си отворен за широка соработка, да не си корумпиран и сервилен, слободен во изјаснувањето и согледување на броен избор на перспективи!
Бидете дел од Родина Македонија,