You are currently viewing ИЗГЛАСАНА ПОДДРШКА ЗА НЕЗАВИСНИОТ КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ, ПРОФ. ВЕЛО МАРКОВСКИ

На третата седница на Централниот одбор на Родна Македонија беше разгледан извештајот на Претседавачот на Претседателството Зоран Јованчев, од средбите со кандидатот за Претседател, проф. д-р  Вело Марковски за претстојните претседателски избори во Република Македонија.

Донесен е заклучок дека двете платформи, и таа на Родина Македонија и таа на проф. д-р Вело Марковски, во огромен дел се допираат и имаат заеднички суштински цели, од сопирање на сите штетни договори кои ги имаат сите елементи на геноцид врз македонскиот народ, борба против корупцијата, зачекорување во новиот мултиполарен свет и соработка со организации од Истокот, БРИКС, Евроазиската унија, како и развивање на добри односи со Русија и Кина, до возобнова на македонската нација.

Проф. д-р Вело Марковски е првиот кандидат за Претседател на Република Македонија кој во својата платформа има дел од новиот постзападен, мултиполарен свет, став кој Родина Македонија од самиот свој почеток го прокламира.

Воедно, Родина Македонија посебно ја цени улогата на проф. Вело Марковски во времето на пандемијата, каде со своите ставови храбро застана во одбрана на здрајвето на целата македонска нација, користејќи го своето знаење и искуство како инфектолог, спротиставувајќи се на штетните мерки, кои беа наметнати од надвор и кои се косеа со досегашната здравствена пракса.

Родина Македонија, исто така, беше една од ретките организации која се бореше на страна на интересите на народот, говорејќи ја вистината и организирајќи серија на протести против присилната вакцинација и штетните мерки на карантини и маски.

Времето кое го живееме, кризите ќе бидат и здравствени, некои намерно предизвикани за одредени геополитички цели, други како природни.

Согледувајќи ги сите аспекти, проф. Вело Марковски ја заслужи нашата доверба и затоа ние искажуваме целосна поддршка за неговата кандидатура.

Донесена е и одлука, ресурсите со кои располага Родина Македонија да бидат целосно ставени во служба на независниот кандидат, проф. д-р  Вело Марковски за негови потреби, од собирање на 10.000 потписи, се до водењето на самата кампања.

Дадени се насоки на Претседателството да се разговара со секој субјект, организација и поединец, кои ја прифаќаат Родољубивата платформа, со цел да се понуди квалитетен избор на претстојните парламентарни избори во Република Македонија.