Биографија – Дарко Јанчески
Потекнувам од сосема обично, чесно Македонско семејство. Роден сум во 1984-та година во Скопје, Македонија. Основно училиште завршив во ОУ „Мирче Ацев” во Скопје, за потоа да го продолжам образованието во гимназија „Орце Николов”, исто така во Скопје. Со претходно познавање и афинитети кон областа на дигиталниот маркетинг, решавам да запишам и успешно да завршам академија за дигитален маркетинг, професија со која денес чесно си го вадам лебот. Растејќи и градејќи го карактерот во вечната транзиција која ѝ се случуваше и (за жал) сѐ уште и се случува на Македонија – сфаќам дека ако сакам нешто да се промени во нашата татковина, морам да најдам истомисленици со кои организирано ќе делуваме кон остварување на тие промени. Она што се нудеше на политичката сцена беше под секое дно! Политички…