Визија за Македонија и македонскиот народ за 21 век – Вистински Македонски Пат

https://www.youtube.com/watch?v=7yFHXhMcnCo Идеологијата на „Родина“ извира од милениумските слоеви на култура, традиции, вредности, знаења, пренесувани од колено на колено, од ракопис во ракопис. Нашата организација „Родина“ ја подигаме за да служи на народот, а најдобрите да служат први во тој систем на вредности и праведен поредок. 21 век е постзападен век, век на големи геополитички промени, век во кој народите ќе се изборат за својата сувереност, изгубена при налетот на алчните паднати елити, секогаш жедни за ресурси, хаос и војни. Ние во „Родина“ имаме визија за Р.Македонија и македонскиот народ за 21 век. Нашата визија е претставена во нацрт програма „Вистински Македонски Пат“, кој јасно го оцртува тој пат и заедно со нашиот народ ќе го изградиме тој пат. Суверена, независна, просперитетна Р.Македонија во мултиполарниот свет на 21 век.…

ПрочитајВизија за Македонија и македонскиот народ за 21 век – Вистински Македонски Пат

Најава на нацрт програмата „Вистински Македонски Пат“

Браќа и сестри Македонци, Би сакале да дадеме еден вовед од почетоците на Родина па се до овој момент, најава на нацрт програмата „Вистински Македонски Пат“ која ќе ја понудиме на нашиот народ за да заедно ја подобриме и ја доведеме најблиску до народниот интерес. Нашата цел е да го креираме патот на Македонија во 21 век, пат кој секако е алтернатива на се досега низ што помина македонскиот народ и Македонија.  Родина како инцијатива официјално беше објавена на ден Василлица 2019 година.  Подигната е од активисти кои подолго време се вклучени во активности за креирање на вистинска опција за Р.Македонија, постојано активни во народните протести и обединувања за креирање на таканаречен „3 пат“. Нашите замисли и идеи биле секогаш во насока да се креира опција која ќе…

ПрочитајНајава на нацрт програмата „Вистински Македонски Пат“

СТРУЧЊАКОТ ЗА (АНТИ)МАКЕДОНСКА ИСТОРИЈА

По којзнае кој пат, нелегитимниот премиер се „прослави“ со незнаење, недоветност и непромисленост, но овојпат и со сериозно заканувачки антимакедонизам. На грчката телевизија Алфа, тој се осмели во своето непромислено зеленило, да го осуди сопствениот народ за некаква кражба на историјата. Тој изјави дека „Во минатото обидот да се пpoмени и извитопepи нашата историја со пpeземање на светска, балканска и туѓа историја како наша, без да се води сметка како тоа влијае кај соседите се пpeдизвика состојба да бидеме буквално скapани скоро со сите соседи и се затвopија сите процеси за интеграција во ЕУ и НАТО“. Ваков тежок скандал не би си дозволил ни најобичен криминалец, а камоли премиер на држава. На држава во која тој владее со единствена цел истата да ја уништи. Човеков настапува како „специјалист“…

ПрочитајСТРУЧЊАКОТ ЗА (АНТИ)МАКЕДОНСКА ИСТОРИЈА

Реакција на Родина по повод бришење на придавката „Македонски“ од имињата на македонските институции

Македонските институции се сопственост на македонскиот народ. Тие се подигнати од народот за народот и не се во ниту еден случај дел од некаков политички пазар, ниту сопственост на политичка партија, а камоли цел за влез во некакви западни меѓународни организации кои имаат антихуман карактер. Бришењето на придавката македонски претставува бришење и на самата институција, нејзиното извориште и нејзината цел на постоење. Актот на бришење на македонски од институциите е антимакедонско дејство, велепредавство и истото е кривично дело, навреда на македонскиот народ и понижување на Р.Македонија. Браќа и сестри Македонци, да го спремиме нашиот Алл-Ин одговор на оваа криминогена антимакедонска власт, инсталирана со социјален инжинеринг и хибридна војна со помош на странски служби и инсталации.Р.Македонија, Македонци, Македонски, Устав на Р.Македонија, СЕ или ништо! Бидете член на инцијативата Родина…

ПрочитајРеакција на Родина по повод бришење на придавката „Македонски“ од имињата на македонските институции

МИЦКОСКИ – БРНС

Претседателот на т.н. „опозициона“ партија ДПНЕ, Христијан Мицкоски, вчера остварил средба со новоименуваниот амбасадор во Република Македонија, Мери Брнс. На средбата, освен куртоазно лигавање и коленичење, не прочитавме дека се случило ништо друго кое би било значајно за нашата држава. Така, претседателот Мисцкоски, ги повтори веќе добро познатите прозападни позиции на ДПНЕ, со што не остава простор за била каква надеж дека оваа партија во своето долгогодишно постоење било што увидела, а уште помалку сфатила, што е тоа што навистина и се случува на Македонија и кој е изворот на целата наша неволја. Со други зборови, од ДПНЕ – никакво очекување за подобрување на состојбите во Македонија! Мицкоски, понесен од несфатливата радост дека разговара со амбасадор на една земја која е извор, креатор и спроведувач на сите злодејствија…

ПрочитајМИЦКОСКИ – БРНС

По Падот на Неолибералниот Глобализам Следи Ре-Државизација и на Македонија и на Сите Држави!

Чувствувате дека вашиот глас и мислење не значат ништо? Не сте сами, тоа го чувствуваат народите и граѓаните во сите земји каде сме сведоци како западниот лажен глобализам ни пропаѓа пред очи. На што се должи ова чувство кое не е само лажно психолошко туку се базира на координиран и комплексен повеќе-децениски процес на де-државизација спроведуван од глобалистичките институции на поразениот неолиберализам е со цел создавање свет без граници и нации а во корист на корумпираните 0.00001% од елитите околу Сорос и компанија. Процесот на де-државизација се одвива подолго време и има повеќе компоненти. Почна со оделувањето на Централнте (Народни) Банки под превезот за потреба од нивна “независност” и нивно ставање во приватни раце. Не сите луѓе знаат на пример дека доларот не е официјална валута на американската…

ПрочитајПо Падот на Неолибералниот Глобализам Следи Ре-Државизација и на Македонија и на Сите Држави!

Рекетот, поткупот, уцената на Северна врз Република Македонија

Дивата Северна и нејзините експоненти полека си го покажуваат вистинското лице сокриено позади луксузната облека и шминка купена од западните центри. Консензуалниот кандидат за СЈО на СДСМ-ДПМНЕ е само една алка од рекетот кој се одвива врз народната каса Буџетот на Р.Македонија, Уставот на Р.Македонија и Законите на Р.Македонија. Ниту една нормална држава нелегално прибрани снимени материјали не дозволува да се користат во било каков судски процес, ниту истите слободно да се објавуваат. Снимките со кои СДСМ уценуваше премиер на држава, Претседател на држава, голем дел од општеството имаа една голема цел, да се инсталира Северна и да се замолчи секој кој наумил да ја брани Р.Македонија! Уценета беше комплетната општествена, духовна, интелектуална ако може да се каже елита, која вплеткана во криминалот молчеше за цело време додека…

ПрочитајРекетот, поткупот, уцената на Северна врз Република Македонија

Реакција на Родина за мигрантските кампови во Р.Македонија

Една политичка партија која се декларира како демократска, сите свои чекори битни за државата ги црпи од легитимитетот добиен за тие чекори на избори. Во Република Македонија, со дивата Северна, пучистичката власт легитимитетот за своите чекори ги црпи од западните центри на моќ, станувајќи обична марионета во креирање на новиот темен светски поредок, каде нацијата треба да биде убиена од западната корпорација и западните институти за социјален инжинеринг. Мигрантската криза својот почеток го има во интервенцијата на западните сили врз суверените земји на блискиот исток, каде заедно со методите на хибридна војна, лажно прикажување на оружје за масовно уништување и прикажување на диктаторски режими, многу држави се урнати до темел, предизвикувајќи ја огромната хуманиратна катастрофа. Хуманост од оваков тип како што ја практикуваат западните елити е само прикривање…

ПрочитајРеакција на Родина за мигрантските кампови во Р.Македонија

ИМА ЛИ ВО МАКЕДОНИЈА ПРОГРАМА ПРОТИВ ГЛОБАЛИЗМОТ?

Најголемата опасност за опстанок на националните држави во Европа е транснационалниот глобализам. Во борбата за зачувување на националниот карактер на секоја држава мора да се надминат три главни форми на несигурност: физичка, економска и културна. Таканаречените популистички движења во Европа се во подем токму поради тоа што во својата политичка програма на својот народ им нудат физичка безбедност во границите на својата држава, економска сигурност (ограничување на владеењето на глобалните корпорации) и заштита за нивната културна и национална посебност. Во Македонија, како и насекаде низ Европа, глобализацијата ги подрива националните а во замена ги нуди нео-либералните вредности кои го уништуваат македонскиот карактер на државата а со тоа и традиционалните вредности и културната посебност на македонската нација. Ретко кој во Македонија ги спори придобивките од слободната трговија и технолошкиот…

ПрочитајИМА ЛИ ВО МАКЕДОНИЈА ПРОГРАМА ПРОТИВ ГЛОБАЛИЗМОТ?

Оставка

И повторно пропагандната машинерија на окупаторската управа, сдс-дпне теледиригирана од остатоците на западните глобалисти делегитимирани од сопствените народи, е вклучена со полна пареа. Темата е нова, поентите стари, глупостите секојдневие. Така наречената опозиција наводно бара оставка од така наречената власт.  Да се потсетиме, дпне, партијата што бара оставка од власта, истата нелегално ја донесе на власт во Пржино. Дпне цело време активно соработува во рушењето на македонската држава и во уништувањето на македонскиот народ кое што го спроведува сдс. Дпне да сакаа да го спречат заев, можеа да го уапсат кога беа на власт, докази имаше, проблеми сега ќе немаше.   Уште полошо, со својата сегашна и претходна попустливост им дава комфорт на предавниците спокојно и без страв да го довршуваат предавството (лажно) надевајќи се дека и во…

ПрочитајОставка