РЕВИЈА НА БУДАЛАШТИНИ И БУДАЛИ
-Или, европските „вредности“ во пракса Пишува: Коста Јовчевски – Корчагин, член на Претседателството на Родина Македонија Поводот за пишувањето на овој текст е последниот Извештај на Европската Унија за напредокот на Македонија во процесот на нашето идно приклучување кон овој конгломерат од девијантни, озлобени, јадосани, криминогени, бирократизирани, неспособни…единки и нивните самоизмислени органи и тела, а богами и на нивните држави и атомизирани единки кои негогаш биле народи. Какви - такви, ама народи. Далеку ми е од паметот да го анализирам овој памфлет, зашто би се вклучил во категоријата на будалетинки кои му придаваат некакво значење на овој нивни „документ“. Кога даваш премногу, а добиваш премалку, тогаш си жртва. Но, кога даваш премногу, а добиваш спротивен ефект, тогаш од жртва се претвораш во жртвуван. Во случајов, Македонија е жртвувана.…