СООПШТЕНИЕ РОДИНА МАКЕДОНИЈА

Браќа и сестри Македонци! РОДИНА МАКЕДОНИЈА има чест да ве извести дека Македонскот Народ ги собра првите над 1000 основачи на единствената суверенистичка визија, стратегија и програма, и го продолжува собирањето на изјави кај нотарите до петок! Исто така РОДИНА МАКЕДОНИЈА во саботата, на високосниот/инокосниот/престапниот 29ти Фебруари 2020 го одржа своето основачко собрание и ги избра органите на партијата, Централен Одбор и Претседателство и го започна процесот на регистрација. РОДИНА МАКЕДОНИЈА за претстојните избори го потврдува својот став: РОДИНА на овие избори би учествувала единствено ако се обедини целиот неизвалкан и неинсталиран вонпарламентарен блок во широка суверенистичка платформа под бајракот на програмата на РОДИНА и во заедништво со независниот интелектуален потенцијал на нашиот народ, на начин на кој веднаш и “со пенкало” би ја срушиле Хунтата со 61 пратеник!…

ПрочитајСООПШТЕНИЕ РОДИНА МАКЕДОНИЈА

РОДИНА НА ПЛОШТАД МАКЕДОНИЈА ВО ГЛАВНИОТ ГРАД, СРЕДБА СО СКОПЈАНИ

Почитувани браќа и сестри Македонци,Од утре 22.01.2020 година (среда) па сè до 26.01.2020 (недела), Родина Македонија со својот штанд ќе биде присутна на плоштадот на главниот град на Р. Македонија, Скопје, во периодот од 12 до 16 часот. Место каде се среќаваат минатото, сегашноста и иднината. На просторот каде гордо стои првиот Претседател на антифашистичка Македонија, големиот Методија Андонов Ченто, Гемиџиите и илинденците, Цар Самоил и неговата средновековна македонска држава, Вистинијан Управда креаторот на македонското право кој ја врати империјата во владеење на нашиот народ, цветот на илјадагодишната античка македонска држава устроена по македонските принципи и вредности на Александар Македонски. Родина Македонија е организација која се подига во изворните македонски идеали и вредности, платформа за секој родољубив Македонец кој сака да го даде најдоброто од себе за својот…

ПрочитајРОДИНА НА ПЛОШТАД МАКЕДОНИЈА ВО ГЛАВНИОТ ГРАД, СРЕДБА СО СКОПЈАНИ

ЛИСТА НА НОТАРИ ЗА БЕСПЛАТНО ПОТПИШУВАЊЕ ИЗЈАВИ ЗА РОДИНА МАКЕДОНИЈА

ЛИСТА НА НОТАРИ ЗА БЕСПЛАТНО ПОТПИШУВАЊЕ ИЗЈАВИ ЗА РОДИНА МАКЕДОНИЈА Нотар за Скопје (Ѓорче Петров) Роберт Стојковски  ул. Ѓорче Петров бр. 10А (зградата до Пензионерски дом) тел: 02/ 2040-107; 02/2050-750 Нотар за Скопје (Центар) Кристина Костовска ул. Mаксим Горки, бр.1/1-2 (до Тренд) тел: 02/3117-215 02/3225-073 Нотар за Скопје (Аеродром) Катерина Митревска Бул.К.Ј.-Питу број 26/1мезанин лок 11 моб:  070/520-208 тел: 02/2 464-043 Нотар за Скопје (Автокоманда) Дарко Стојкоски ул. Трифун Хаџи Јанев бр. 1 моб:  071/331-386 тел: 02/3175-060;02/3172-700 Нотар за Скопје (Драчево) Хакија Чоловиќ Ул.Ниџе Планина бр.16 моб:  070/316-555 тел: 02/ 2 763-551 Нотар за Скопје (Кисела Вода) Елизабета Арсовска Ул. Божидар Аџија бр.3/5 моб:  070/365-502 тел: 02/2779-309 Нотар за Скопје (Карпош) Весна Стојчева  Бул. Партизански Одреди бр.64/А моб: 070/311 370 тел: 02/3069 359 Нотар за Охрид: Станка Горичан…

ПрочитајЛИСТА НА НОТАРИ ЗА БЕСПЛАТНО ПОТПИШУВАЊЕ ИЗЈАВИ ЗА РОДИНА МАКЕДОНИЈА

Изјава за основање

Уште една можност за пополнување на Изјава за основање на Родина Македонија, поред таа со обезбедените Нотари, каде веќе ја има.1. Се печати Изјавата и пополнува во 2 примерока.2. Се носи кај било кој нотар на заверка. (150 денари трошок)3. Еден заверен примерок се предава на Родина Македонија.Голема благодарност од Родина Македонија за над 500-те Македонци родољуби, кои веќе пополнија основачки изјави!РОДИНА верува во способноста и волјата на македонскиот народ да ги земе работите во свои раце за да ја врати државата на изворните принципи и вредности на македонскиот народ

ПрочитајИзјава за основање

ПРВАТА ГОДИШНИНА НА ПОЛИТИЧКАТА ИНИЦИЈАТИВА РОДИНА МАКЕДОНИЈА

Пред точно една година, на 13.1.2019 година, започна да функционирапартиско – политичката иницијатива Родина Македонија. Иницијативата ја покренаа група Македонци, чија основна идеја беше да се воздигнат и да се отпочне со реализирање на традиционалните македонски вредности, за кои проценивме дека се во целост разнишани со тенденција на нивно целосно губење. Промената на името на државата е само еден пример за тоа како некој не му служи на својот народ, туку на странски недобронамери центри на моќ. Родина Македонија си постави за цел да се изгради како народна партијаиздигнатa врз културните и традиционалните вредности на македонскиот народ, водена од природните принципи и праведни закони, каде сите сме еднакви и сите сме дел од една целина, дел од нашиот род и како такви сите треба да му служиме заедно,…

ПрочитајПРВАТА ГОДИШНИНА НА ПОЛИТИЧКАТА ИНИЦИЈАТИВА РОДИНА МАКЕДОНИЈА

ГОДИШНИНА ОД ВЕЛЕПРЕДАВСТВОТО „СЕВЕРНА“, ЗЛОСТОРСТВО КОЕ НЕ ЗАСТАРУВА!

Помина една година од срамниот чин во Собранието извршен од двете одродени партии кои во измнативе 29 години се натпреваруваат меѓусебно кој ќе направи поголемо предавство врз сопствениот народ. Родина Македонија овој чин го смета за криминален акт кој ќе биде санкциониран од идната македонска родољубива власт на начин на кој се третираат криминалци,а тоа е преку судските инстанци и никако друго.Чинот на велепредавство извршен во највисокиот законодавен дом кој е окупиран од пратеници марионети на корумпираните елити (домашни и надворешни) е нелигитимен акт бидејќи со него се погази волјата на македонскиот народ изразена преку референдумот од 30ти Септември 2018 година на кој граѓаните гласно кажаа: Не за промена на името,Не за Нато,Не за ЕУ .Родина Македонија јавно ветува дека ќе се залага за моментално поништување на овие…

ПрочитајГОДИШНИНА ОД ВЕЛЕПРЕДАВСТВОТО „СЕВЕРНА“, ЗЛОСТОРСТВО КОЕ НЕ ЗАСТАРУВА!

Родина Македонија само првите 3 дена собра 300 потписи! Приклучи се за Слободна и Суверена Македонија!

Откако на 23.12.2019 Родина Македонија го објави почетокот на собирањето на потребните 1000 граѓански потписи за регистрација на политичката партија, за само првите 3 дена (од законските 90 дена) откако беа одбрани само дел од нотарите и вистинското собирање започна на 25ти Декември, веќе до 27ми Декември беа собрани 300 потписи од подржувачи на идејата за Слободна и Суверена Македонија!  Приклучи се во првите 1000 основоположници кои во рекордно време следниве неколку недели ќе ја формираат единствената Македонска, суверенистичка, непоткуплива и визионерска опција за градење на Македонија на здрави темели за следните 1.000 години како дел од глобалната политичка револуција и во заедничка борба со сите слободољубиви народи против глобалофашистичкото зло и планираното национално, економско и лично ропство!  Изјавите за поддршка се доставени и се пополнуваат кај определени…

ПрочитајРодина Македонија само првите 3 дена собра 300 потписи! Приклучи се за Слободна и Суверена Македонија!

И З В Е С Т У В А Њ Е

Врз основа на членовите 11, 12 и 13 од Законот за политичките патрии („Службен весник на Република Македонија“ бр. 76/2004, 5/2007, 8/2007, 5/2008 и 23/13) и точката 2 од Одлуката за отпочнување на постапка за собирање на потписи за основање на политичката партија Родина Македонија, Иницијативниот одбор за основање на политичката партија Родина Македонија, на состанокот одржан на 16.12.2019 година, изготви ИЗВЕСТУВАЊЕ за отпочнување на постапка за собирање на потписи за основање на политичката партија Родина Македонија Се известуваат сите поддржувачи како и други заинтересирани лица дека започнувајќи од 23.12.2019 (понеделник) се отпочнува постапката за собирање на потписи за основање и доброволно членство во политичката партија Родина Македонија. Иницијативниот одбор на Родина Македонијa го изготви ова известување и го доставува до поддржувачите и до сите заинтересирани лица, заради…

ПрочитајИ З В Е С Т У В А Њ Е

Поддршка на маршот за чист воздух

Без храна човекот може да издржи 1-2 месеци, без вода 1-2 недели но без воздух за повеќето од нас ќе биде чудо ако преживееме 1-2 минути. За жал либералниот капитализам и алчните политичари и капиталисти, во трката за вечен економски раст и неограничен профит, на површина ја извадија својата ограничена свест, за себе, за своите блиските и за планетата земја. Полнејќи ги своите сефови и банкарски сметки, ја наполнија земјината атмосфера со отров. Парите за себе, отровот за сите. Господо безумни профитери, нашиот воздух е наше природно право, а не ваш неограничен ресурс за бесконечно богатење. Родина во целост го поддржува протестниот марш за чист воздух во Петок, 29 ноември 2019 од 17:00 до 19:00 пред министерството за животна средина и просторно планирање. Родина во своите програмски цели…

ПрочитајПоддршка на маршот за чист воздух

МАКЕДОНСКОТО СОНЧЕВО ВОСТАНИЕ ПРОДОЛЖУВА

МАКЕДОНСКОТО СОНЧЕВО ВОСТАНИЕ ПРОДОЛЖУВА Браќа и сестри и сите пријатели на Македонскиот народ, Ги вложуваме и уште повеќе без штедење ќе ги вложиме сите свои сили, за со секој збор, со секое дејство, со секој здив да се избориме за целосната слобода - за Македонија на Македонците.За секој честит, достоинствен Македонец, но и за секој македонски граѓанин кој ја почитува Македонија, нема друг излез, нема друго решение, освен отфрлање на наметнатата предавничко-окупаторска власт. Ослободување од партиско-мафијашките структури и создавање на праведно и напредно македонско општество. За оваа цел да не пропуштаме да ја искористиме секоја прилика и секој потенцијал. Така, после одбележувањето на 30 Септември - денот на успешното отфрлање на незаконскиот референдум, неизоставно ПРОДОЛЖУВАМЕ со одбележување на 23 ОКТОМВРИ - ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА БОРБА. ПОВТОРНО ПОВИКУВАМЕ…

ПрочитајМАКЕДОНСКОТО СОНЧЕВО ВОСТАНИЕ ПРОДОЛЖУВА