Борба за Родот, Народот и Родината!
Гостување на Томче Ширков, член на Претседателството на Родина Македонија во ТВ АЛФА. https://www.youtube.com/watch?v=37N3yUPAQzk
Гостување на Томче Ширков, член на Претседателството на Родина Македонија во ТВ АЛФА. https://www.youtube.com/watch?v=37N3yUPAQzk
Колумна: Зоран Јованчев, Претседавач на Претседателството на Родина Македонија „Во почеток беше Словото, и Словото беше во Бога, и Словото беше Бог.“ Тоа беше во почетокот во Бога. Сè стана преку Него, и ништо, што стана, не стана без Него. Во Него беше живот и животот им беше светлина на луѓето...(Јован 1:1 MKB) Да започнеме со тајните и кодот на нашето македонско СЛово. РОД е основата на наРОД. РОД е основата и на РОДители, праРОДители, поРОД, РОДнини, РОДоверие, РОДољубие, приРОДа, РОДина, итн… Во суштина, тоа е цел еден приРОДен систем на живеење, постоење, во кој имаме нормално функционирање на РОДот, негов природен раст, негово природно живеење со при-РОДата. Под РОД се подразбира и припадност на едно исто, сРОДно. Обединување на повеќе родови, фамилии, се оРОДиле, наРОДИле, создале наРОД.…
ТЕМА: „РОДИНА-партија, организација, визија за спас на Македонија и Македонците” УЧЕСНИЦИ: Владимир Трајковски, член на Претседателството на Родина Македонија Томче Ширков, член на Претседателството на Родина Македонија Зоран Јованчев, Претседавач на Претседателството на Родина Македонија Во живо на нашиот јутуб канал. https://youtube.com/live/a4Iw1s0fi3U?feature=share
ТЕМA: " Стапица за деца 2- Вовед во Македонската погибел" УЧЕСНИЦИ: Томче Ширков и Гордана Гоџо, членови на Претседателството Во живо на нашиот јутуб канал. https://www.youtube.com/watch?v=nX5iK7zt4UY
Руската нацрт-резолуција „Борба против глорификацијата на нацизмот, неонацизмот и другите практики кои придонесуваат за ескалација на современите облици на расизам, расна дискриминација, ксенофобија и поврзана нетолеранција“, беше усвоена на Третиот комитет на Генералното собрание на ОН. За резолуцијата гласаа 105 држави, 52 беа против, 15 беа воздржани. Како коавтори на Резолуцијата се Белорусија, Пакистан, Азербејџан, Венецуела, Виетнам, Јужна Африка, Камбоџа, Северна Кореја, Куба, Лаос, Мали, Никарагва, Сирија, Судан, Централноафриканската Република, Екваторијална Гвинеја. Препораки од резолуцијата се земјите да преземат соодветни конкретни мерки, „вклучително и во законодавната и образовната област“, за да се спречи ревизијата на историјата и резултатите од Втората светска војна и „негирањето на злосторствата против човештвото и воените злосторства извршени за време на Втората светска војна“. За потсетување! За време на германско-италијанската фашистичка окупација заедно со…
Независно од тоа што Родина Македонија го почитува јасно изјаснетиот став на македонскиот народ на референдумот од 30 септември 2018 година, НЕ за Преспанскиот, НЕ за НАТО и ЕУ, Родина Македонија во целост го отфрла овој предлог, како многу штетен и опасен по идентитетот на македонскиот народ и македонскиот јазик и опстанокот на македонската држава! Тука нема да правиме целосна анализа на предлогот, само ќе се осврнеме на основното ултимативно инсистирање, во однос на внесувањето на бугарскиот народ во Преамбулата на Уставот на Р.Македонија, нешто што и владеачките партии, но и најголемата опозициска партија многу лековерно го прифаќаат, како не опасно и еднократно удоволување на големобугарските апетити, наводно покриено со гаранција за еднократно барање!? Всушност, како што Преспанскиот договор во целост го отфрли значењето на АСНОМ, како завршница…
Пред да ја дадеме наша рекација, би сакале да дадеме еден увид во тоа кој е Ванчо Михајлов? По 19-мајскиот преврат и забраната на ВМРО (1934) бил тајно пренесен во Турција (официјално емигрирал), а оттаму заминал во Полска (1938). За време на Втората светска војна престојувал во Загреб, кај Анте Павелиќ како негов специјален гостин и соработувал со германските воени служби. По доаѓањето на Германците во Загреб Михајлов се преселува во Виена каде живее како специјален гостин на Нацистите. Пред крајот на војната, со поддршка на Германците, дошол во Македонија, Скопје, септември 1944, со задача да формира квислиншка Независна Држава Македонија, но не нашол на поддршка. Родина Македонија прашува, зошто во 2022 година, високи официјални лица на Бугарија, заедно со членови на УЧК, односно ДУИ и статисти Македонци…
Со длабоко жалење и надеж за пронаоѓање на преживеани патници, изразуваме сочуство до Н.Р Кина и кинескиот народ. Авион на компанијата "Чајна Истерн Ерлајнс" се урнал во висорамнините во близина на местото Вучоу. Иако станува збор за државна водечка воздухопловна компанија која го завзема петото место во светот по рангирање во браншата, сеуште не се познати причините за несреќата. Според државната телевизија во авионот патувале 132 лица, но уште е неизвесно колку го загубиле животот. Спасувачките екипи трагаат за евентуално преживеани. Нашите надежи се со нив. Воедно од името на македонскиот народ и се извинуваме на Н.Р. Кина за бесчуствителноста на "нашата" влада и државни органи.
Еден сосема нормален демократски чин, гласање (не)доверба на Владата во Собранието на Република Македонија, се спречи со мафијашки методи, својствени за земји раководени од воени хунти.Уште на почетокот на седницата, Претседателот на Собранието Талат Џафери, инаку уникатен пример во светот каде терорист обавува висока функција во државата, при започната седница од негова страна и изгласување на 61 присутен пратеник, ја напушта истата.А по Устав му е доделна задачата, доколку не е спречен од оправдани причини, ДОЛЖЕН Е истата да ја води!Ова е второ учество на овој одработувач во државен удар и уставен пуч, после нелегитимниот избор за Претседател на Собранието, надвор од собраниска процедура и без доволен број на гласови.Заклучувањето на вратите на Собранието уште една мерка на хунтата ДУИ, СДС И НВО секторот на западните амбасади, да…