РОДИНСКИ РАЗГОВОРИ, 1.11.2024 (петок), 21:30

ТЕМА: „ОПШТЕСТВЕНО-ПОЛИТИЧКА МИСИЈА НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА ВО РУСИЈА“ УЧЕСНИЦИ: НИКОЛА ЧОНЕВСКИ - Член на претседателството на Родина Македонија ЗОРАН ЈОВАНЧЕВ - Член на претседателството на Родина Македонија На нашиот јутуб и рамбле канал https://www.youtube.com/@rodinamakedonija https://rumble.com/user/RodinaMakedonija

ПрочитајРОДИНСКИ РАЗГОВОРИ, 1.11.2024 (петок), 21:30

РОДИНА МАКЕДОНИЈА НА ЧЕСТВУВАЊЕ НА ДЕНОТ НА КОСМОНАУТИКАТА

Денес, 12.4.2024 година, во паркот „Македонија“ пред спомен плочата на рускиот космонаут Јуриј Гагарин, се одржа свеченост по повод Денот на космонаутиката, во организација на Амбасадата на Руската Федерација во Скопје. На оваа свеченост присуствуваше и делегацијата на политичката партија Родина Македонија, предводена од Претседавачот Зоран Јованчев. Родина Македонија на пригоден начин ја изрази својата почит кон делото на познатиот руски космонаут Јуриј Гагарин, како и кон рускиот придонес кон значајните достигнувања во областа на космонаутиката. Истовремено, изразувуаме задоволство и од можноста лично да го честитаме празникот на неговата Екселенција, рускиот амбасадор во Република Македонија, Сергеј Баздникин.

ПрочитајРОДИНА МАКЕДОНИЈА НА ЧЕСТВУВАЊЕ НА ДЕНОТ НА КОСМОНАУТИКАТА

МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА КОСМОНАУТИКАТА

На покана на Амбасадата на Руската Федерација, а по повод Меѓународниот ден на космонаутиката, делегација на Родина Македонија положи свежо цвеќе на споменикот на Јуриј Гагарин. На 12 април 1961 година, Јуриј Гагарин советски космонаут направил успешен лет во вселената, прв во светската историја. Полетувајќи од космодромот Бајконур, неговото вселенско летало Восток-1 направило една обиколка околу Земјата и успешно слетало во регионот Саратов. Летот траел 108 минути, а два дена подоцна народот во Москва го пречекал со радост новиот херој, вселенскиот пионер. Историчарот Александар Железњаков ќе каже: „Гагарин го трансформираше човештвото од едноставен биолошки вид во вид кој може да го замисли целиот универзум надвор од Земјата.“ Во 2011 година овој ден, 12 април се прогласи за Меѓународен ден на космонаутиката од страна на Генералното собрание на ОН…

ПрочитајМЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА КОСМОНАУТИКАТА

ПОСЕТА ВО ВИСТИНСКО ВРЕМЕ!

Родина Македонија ја поздравува посетата на делегацијата на Руската православна црква предводена од Претседателот на Одделот за надворешни црковни односи на Московската патријаршија митрополитот Волоколамски Антониј. Посебно нѐ радува вистинската братска соработка со нашата древна црква, како Македонска православна црква - Охридска архепископија. Духовното единство на црквите на двата братски славјански православни народи е повеќе од потребно, поготово во услови кога традицијата, моралот и верата сѐ поотворено се разнебитуваат од страна на моќни глобални центри. Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет! https://rodina.org.mk/%d0%bf%d1%80%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%bf%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b0/embed/#?secret=XqWp8yBlYF#?secret=C7o7xcVFKi

ПрочитајПОСЕТА ВО ВИСТИНСКО ВРЕМЕ!

СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД ПРИЗНАВАЊЕТО НА АВТОКЕФАЛНОСТА НА МПЦ-ОА ОД СТРАНА НА РУСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

Политичката партија Родина Македонија, по повод признавањето наавтокефалноста на МПЦ – ОА од страна на Руската православна црква, изразувазадоволство, благодарност и почит кон ваквиот акт на најголемата и најзначајнатаЦрква во православниот свет. Со признавањето на Македонската црква се признавадолговековниот напор на нашата црковна организација и нашиот православенхристољубив македонски народ за возобновување на таа организација посленејзиното неканонско укинување.Истовремено, со актот на признавање на Руската православна црква сепродолжува процесот на црковно – правното затврднување на автокефалниот статусна нашата Црква, процес започнат со неодамнешното признавање од страна наСрпската првославна црква. Во овие мрачни времиња, сакаме да нагласиме декадуховното единство на родот наш голем славјански, е повеќе од потребно.Непријателите на Словото Божје и на славата на нашите народи повторно сенамножија и повампирија и одново го разгореа фашизмот. Па затоа, единството нанашиот род…

ПрочитајСООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД ПРИЗНАВАЊЕТО НА АВТОКЕФАЛНОСТА НА МПЦ-ОА ОД СТРАНА НА РУСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

МАКЕДОНИЈА Е ПРЕТВОРЕНА ВО РУСОФОБНА ВАЗАЛ ДРЖАВА СО ТЕРОРИСТИЧКИ ЕЛЕМЕНТИ НА ВИСОКИ ПОЗИЦИИ!

Продолжува антируското дејствие на западниот колонијален свет. Суспендирањето на Русија од Советот за човекови права при ОН е израз на лицемерие присутно подолго време во високите кругови на Домот на народите, Обединетите нации, но и во други меѓународни сојузи. Воедно сакаме да укажеме дека За, не гласале ⅔, кој е е предуслов за исклучување, туку само 93 од 175 нации. Сакаме да им честитаме на тие 24 земји кои гласале против и кои се пример за независни и суверени земји и народи на светот! Западните сили очигледно сè уште имаат влијание во светот и истото го користат за продолжување на русофобната политика, која на моменти достигнува размери на комплетно колективно лудило. Како Македонци многу добро ни се познати двојните стандарди на западните сили уште од 1913 и поделбата…

ПрочитајМАКЕДОНИЈА Е ПРЕТВОРЕНА ВО РУСОФОБНА ВАЗАЛ ДРЖАВА СО ТЕРОРИСТИЧКИ ЕЛЕМЕНТИ НА ВИСОКИ ПОЗИЦИИ!

ПРОТЕРУВАЊЕ НА 5-те РУСКИ ДИПЛОМАТИ Е АНТИМАКЕДОНСКИ ЧИН!

Родина Македонија не е изненадена од одлуките на Бујар Османи од вашата земја „С…..“, кој чинот за протерување на руски дипломати, неколку пати по ред, го базира на идеалите на проамериканската УЧК! Згрозени сме од молкот и подреденоста на „македончињата“ кои очигледно дека се само декор во Владата на „Вашата земја“, кои работат спротивно на волјата и интересите на македонскиот народ. Оваа влада, која инаку е производ на хибридна западна војна, подолг период работи против македонските национални интереси и е ставена целосно во служба на интересите на колонијалните власти ! Молкот на политичкиот систем е производ на долго децениското моделирање за потполно ставање во служба на туѓите интереси. Ние како политичка партија „Родина Македонија“ која ги претставува македонските народни интереси се оградуваме од одлуката на оваа англо-саксонска франкенштајн…

ПрочитајПРОТЕРУВАЊЕ НА 5-те РУСКИ ДИПЛОМАТИ Е АНТИМАКЕДОНСКИ ЧИН!

Членови на Претседателството на Родина Македонија на официјална средба со амбасадорот на Руската Федерација, Сергеј Баздникин!

Денес, 22 Март 2022, делегација составена од членови на Претседателството на Родина Македонија, Зоран Јованчев, Никола Чоневски и Владимир Трјаковски остварија средба со рускиот амбасадор во Република Македонија – Н.Е. Сергеј Баздникин. На средбата се предаде Прогласот од Собирот пред Руска амбасада, одржан на 12 март 2022 година, адресиран до Неговата Екселенција г. Владимир Владимирович Путин, Претседател на Руската Федерација и Неговата Екселенција г. Михаил Владимирович Мишустин, Претседател на Владата на Руската Федерација. Искажана е голема благодарност од руската страна за јавната поддршка на македонскиот народ кон Русија и рускиот народ за специјалната операција денацификација и демилитаризација на Украина. Како делегација го претставивме и проблемот од евентуалните реципрочни санкции од страна на Руската Федерација кон Република Македонија, во кои ќе бидат погодени работниот македонски народ, земјоделците, но не…

ПрочитајЧленови на Претседателството на Родина Македонија на официјална средба со амбасадорот на Руската Федерација, Сергеј Баздникин!