ЛИДЕРСКА СРЕДБА, ИЛИ СРЕДБА НА ИЗМЕЌАРИ НА СТРАНСКИТЕ ИНТЕРЕСИ!?
Од лидерските средби на лидерите на ДПМНЕ и СДС, најмногу настрада Македонија во изминатите 30 години. Избришано име, компромитиран идентитет, изгубена сувереност, урнат Устав, фалсификуван попис, раселен народ, девастирана економија, здравство, образование. Во Македонија напредува предавството, корупцијата, лажните докторати, лажно образовани луѓе, партизација на општините, државата, институциите, трансродовите и други сексистички идеологии на умно пореметената глобална елита и албанската иредента. Да се биде водач на еден народ, значи да се служи на тој народ! Лидерите на ДПМНЕ и СДС во изминатите децнии служеа на сите, освен на македонскиот народ.Народ кој умира од болка за срамот нанесен од политичките дилетанти од СДС и ДПМНЕ. Затоа лидерските средби помеѓу СДС и ДПМНЕ треба да ги именуваме со правото име, средби на измеќари на странските интереси! На Македонија ѝ е потребен…