ЈАВНО ОБРАЌАЊЕ ДО АМЕРИКАНСКАТА И ГЕРМАНСКАТА АМБАСАДОРКА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Госпоѓи, или господа, (не се снаоѓаме најдобро со обраќањето во новата трансродова западна идеологија), Анџела Прајс, амбасадор на САД во Република Македонија иАнке Холштајн, амбасадор на Германија во Република Македонија. Со вашето лобирање за промена на Уставот на Република Македонија вие грубо ја кршите „Виенската Конвенција за дипломатски односи“ Промена на Уставот на една држава е внатрешно прашање на нацијата на таа држава.Со вашето мешање во процесите на промена на Уставот на Република Македонија, грубо се мешате во внатрешните работи на нашата држава, Република Македонија. Нашиот Устав беше оценет како еден од најдобрите 5 устави во Европа, во однос на индивидуалните и колективни права. Република Македонија со Референдумот од 30 Септември 1991 година јасно и недвосмислено се изјасни за Суверена Независна Република Македонија. А со референдумот од 30…