ФЛАШКА ИЛИ ЗАПЛАШКА
РЕАКЦИЈА по повод укинувањето и експресното судско затворање на македонскиот клуб "Никола Вапцаров" во Благоевград РОДИНА МАКЕДОНИЈА јавно предупреди дека драмолетката „Спротиставување на бугарскиот фашизам" е всушност фрлање на прашина во очите на просечниот Македонец за да не ги согледа флагрантните и галопирачки чекори од доктрината за етноцид на Македонците и уништување на македонската држава, култура и постоење! Посочуваме, не е прв пат бугарската држава под покровителство на возвишената „европска демократија" да укинува, забранува и казнува постоење на културен клуб, литературно друштво па дури и играорни секции, а пак за општествена организација или политичка партија на Македонците не смее да стане ниту збор. Бугарската држава се соочи со казнени одредби од европскиот суд за човекови права, шест пресуди од меѓународниот суд во Стразбур и повеќе од 200 приватни…