„NM“ НОВ КОД НА „НИВНАТА ЗЕМЈА“, ВЛЕЗЕНА НА СИЛА ВО НАТО!

Се нижат понижувањата од страна на „Стратешките партнери“ на по дваесетина политички партии лево и десно, кон Македонците и Република Македонија. По барање на Грција, а со мудрото молчење на претставниците на хибрдиниот режим, променет е кодот МКД, во„NM“, кој може да означува, Нумбија, Неа Мармарис, Ново Мексико, итн…. Ви честитаме мудри политичари на „Вашата земја“! Родина Македонија продава бетон „Марка 500“ за бетонирање на идентитетот на „Вашата земја“! Би сакале да го повториме ставот на Родина Македонија. Референдумите од 08 септември 1991 година за суверена Македонија и несупешниот референдум од 30 септември 2018 година, со трите Не за НАТО, Не за ЕУ и Не за Преспа е над било која меѓународна организација, сојуз, надворешна сила и во погоден историски и политички момент ние ќе се повикаме на…

Прочитај„NM“ НОВ КОД НА „НИВНАТА ЗЕМЈА“, ВЛЕЗЕНА НА СИЛА ВО НАТО!

ЕВРОПА, САД И ЗАПАДОТ ГО ПОДДРЖУВААТ ФАШИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!?

Родина Македонија е згрозена од молкот на учителите по право и демократија во светот, Европа, САД и целокупната западна заедница, за отварањето на т.н. бугарски културен центар во Битола, со име на озлогласен соработник на фашистите, Ванчо Михајлов. Ние како Македонци низ историјата многу добро ги запознаваме двојните стандарди на западната заедница, кога се работи за правата на малцинствата во Македонија, визави правата на Македонците во земјите членки на ЕУ и НАТО. Поминаа 74 години од финалето на долгодеценискиот егзодус и промена на етничка карта на Егејска Македонија, под менторство на западните сили, каде до ден денес, ниту е вратена приватната сопственост на земјиштетото насилно одземено, ниту Македонците ги имаат основните човекови права. Напротив, извршено е целосно грцизирање на топономијата, личните имиња на Македонците, во организација на тие…

ПрочитајЕВРОПА, САД И ЗАПАДОТ ГО ПОДДРЖУВААТ ФАШИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!?

БУГАРСКИОТ ПРЕМИЕР КИРИЛ ПЕТКОВ И ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА БУГАРИЈА ИЛИЈАНА ЈОТОВА В САБОТА ВО БИТОЛА ЌЕ ГО ОТВОРАТ КУЛТУРНИОТ ЦЕНТАР НА СОРАБОТНИКОТ НА ФАШИСТИТЕ, ВАНЧО МИХАЈЛОВ!

Пред да ја дадеме наша рекација, би сакале да дадеме еден увид во тоа кој е Ванчо Михајлов? По 19-мајскиот преврат и забраната на ВМРО (1934) бил тајно пренесен во Турција (официјално емигрирал), а оттаму заминал во Полска (1938). За време на Втората светска војна престојувал во Загреб, кај Анте Павелиќ како негов специјален гостин и соработувал со германските воени служби. По доаѓањето на Германците во Загреб Михајлов се преселува во Виена каде живее како специјален гостин на Нацистите. Пред крајот на војната, со поддршка на Германците, дошол во Македонија, Скопје, септември 1944, со задача да формира квислиншка Независна Држава Македонија, но не нашол на поддршка. Родина Македонија прашува, зошто во 2022 година, високи официјални лица на Бугарија, заедно со членови на УЧК, односно ДУИ и статисти Македонци…

ПрочитајБУГАРСКИОТ ПРЕМИЕР КИРИЛ ПЕТКОВ И ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА БУГАРИЈА ИЛИЈАНА ЈОТОВА В САБОТА ВО БИТОЛА ЌЕ ГО ОТВОРАТ КУЛТУРНИОТ ЦЕНТАР НА СОРАБОТНИКОТ НА ФАШИСТИТЕ, ВАНЧО МИХАЈЛОВ!

РОДИНА МАКЕДОНИЈА ЈА СТАВА НА ЦРНА ЛИСТА АМБАСАДАТА НА САД ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!

Земајќи го во предвид ангажманот на американската амбасада во Република Македонија, од кој ќе издвоиме: Организирање на „Шарена револуција“ по книгата на ЦИА за хибридни војни.Уривање на уставниот поредок на Република Македонија.Насилна промена на име.Насилен влез во НАТО.Непочитување на волјата на македонската нација од двата Референдума од 08 Септемви 1991 и 30 Септември 2018 година.Медиумско замрачување и едноумие со окупирање на сите национални фрекфренции за ширење на неолиберални одроднички трансродови сексистички идеологии.Поддршка на терористичка организација УЧК, загрозување на територијалниот интегритет на Македонија кај Диво Насеље од делот на Косово под управа на САД и не само тогаш.Тиранската платформа и Преспанскиот договор создадени во Вашингтон, како и многу други… Родина Македонија ја става на црна листа амбасадата на САД во Република Македонија, поради дејствија на амбасадата надвор од Виенските…

ПрочитајРОДИНА МАКЕДОНИЈА ЈА СТАВА НА ЦРНА ЛИСТА АМБАСАДАТА НА САД ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!

МАКЕДОНИЈА Е ПРЕТВОРЕНА ВО РУСОФОБНА ВАЗАЛ ДРЖАВА СО ТЕРОРИСТИЧКИ ЕЛЕМЕНТИ НА ВИСОКИ ПОЗИЦИИ!

Продолжува антируското дејствие на западниот колонијален свет. Суспендирањето на Русија од Советот за човекови права при ОН е израз на лицемерие присутно подолго време во високите кругови на Домот на народите, Обединетите нации, но и во други меѓународни сојузи. Воедно сакаме да укажеме дека За, не гласале ⅔, кој е е предуслов за исклучување, туку само 93 од 175 нации. Сакаме да им честитаме на тие 24 земји кои гласале против и кои се пример за независни и суверени земји и народи на светот! Западните сили очигледно сè уште имаат влијание во светот и истото го користат за продолжување на русофобната политика, која на моменти достигнува размери на комплетно колективно лудило. Како Македонци многу добро ни се познати двојните стандарди на западните сили уште од 1913 и поделбата…

ПрочитајМАКЕДОНИЈА Е ПРЕТВОРЕНА ВО РУСОФОБНА ВАЗАЛ ДРЖАВА СО ТЕРОРИСТИЧКИ ЕЛЕМЕНТИ НА ВИСОКИ ПОЗИЦИИ!

ПОСЛЕДНАТА КАРТА НА „ИМПЕРИЈАТА НА ЛАГИТЕ“, СТРАВОТ!

Пишува: Зоран Јованчев, Претседавач на Претседателството на Родина Македонија Министерството за внатрешни работи соопшти дека заедно со Јавното обвинителство интензивно ги следат сите изјави и коментари на социјалните медиуми поврзани со случувањата во Украина и согласно своите законски надлежности ќе превземат кривичен прогон против сите сторители кои со своите објави и јавно изнесени ставови ќе одобрат или оправдаат геноцид, злосторства против човечноста или воени злосторства, укажувајќи дека тоа е кривично дело предвидено во членот 407-а од Кривичниот законик. Денот е понеделник, 04 Март, годината 2022, многу слична на 1948-та, кога се прогонуваа и затвараа соработниците на Сталин, односно македонските титани кои го кренаа НОБ и АСНОМ. А како велат, ако сакаш да го дознаеш нарачателот, тргни по трагот на парите. Првите пари веднаш после ослободувањето, Југославија ги зема…

ПрочитајПОСЛЕДНАТА КАРТА НА „ИМПЕРИЈАТА НА ЛАГИТЕ“, СТРАВОТ!

РОДИНА МАКЕДОНИЈА НЕ ГО ПРИЗНАВА ФАЛСИФИКУВАНИОТ ПОПИС!

Родина Македонија уште на самиот почетокот со подготовка на Пописот, укажа на сомнителнтата припрема која се одвиваше исклучиво со подзаконски акти, наместо уредени со закон.Тука се донесоа промени спротивни на меѓународно утврдените стандарди за попис, од право за попишување на повеќе лица од страна на едно лице, самопопишување на дијаспората, податоци кои се само виртуелни, без пишан траг, до бугарски софтвер, а тука би го споменале и исчезнувањето на 100 000 изводи под менторство на ДУИ. Лицата кои беа задолжени за попис, а кои беа дефицитарни и собирани малтене од улица, беа само со задача да ги соберат матичните броеви и ништо друго. Тоа повторно ни го дава и мотивот, а тоа е Попис со единствена цел која не е од државен интерес, туку од туѓ, западен геополитички,…

ПрочитајРОДИНА МАКЕДОНИЈА НЕ ГО ПРИЗНАВА ФАЛСИФИКУВАНИОТ ПОПИС!

ПРОТЕРУВАЊЕ НА 5-те РУСКИ ДИПЛОМАТИ Е АНТИМАКЕДОНСКИ ЧИН!

Родина Македонија не е изненадена од одлуките на Бујар Османи од вашата земја „С…..“, кој чинот за протерување на руски дипломати, неколку пати по ред, го базира на идеалите на проамериканската УЧК! Згрозени сме од молкот и подреденоста на „македончињата“ кои очигледно дека се само декор во Владата на „Вашата земја“, кои работат спротивно на волјата и интересите на македонскиот народ. Оваа влада, која инаку е производ на хибридна западна војна, подолг период работи против македонските национални интереси и е ставена целосно во служба на интересите на колонијалните власти ! Молкот на политичкиот систем е производ на долго децениското моделирање за потполно ставање во служба на туѓите интереси. Ние како политичка партија „Родина Македонија“ која ги претставува македонските народни интереси се оградуваме од одлуката на оваа англо-саксонска франкенштајн…

ПрочитајПРОТЕРУВАЊЕ НА 5-те РУСКИ ДИПЛОМАТИ Е АНТИМАКЕДОНСКИ ЧИН!

8% ДОВЕРБА ВО АМЕРИКАНСКО КОМУНИСТИЧКИТЕ СУДИИ!

Ја споделуваме загриженоста на американските колонијални власти претставени преку Кејт Брнс, за катастрофалниот процент на доверба на жителите на нивната колонија „Северна“ кон судството (нивна наратива). Македонија е мала земја, тука ретко постојат тајни, така и тајната дека судиите прво минуваат низ филтерот на американската амбасада ја знаат децата од градинка, пензионери, претставници на политички партии, медиумите… Зошто на западните колонијални власти им е потребна контрола на судството, Родина Македонија многу јасно ќе го образложи. Шарената револуција, која е веднаш после Портокаловата револуција на Мајдан во Киев, го имаат истиот организатор, САД и западните земји.Тие револуции се модерно војување каде треба да се изврши државен удар преку неконвенционално војување, со употреба на „НВО“ секторот, претходно наполнет со долари и евра, како и терористичка компонента, во нашиот случај влез…

Прочитај8% ДОВЕРБА ВО АМЕРИКАНСКО КОМУНИСТИЧКИТЕ СУДИИ!

КОНТРОЛИРАНА ОПЗИЦИЈА vs #ОРГАНИЗАЦИЈАТА

Пишува: Томче Ширков, член на Претседателството на Родина Македонија Една стара македонска поговорка вели, "Човек сам што може да си направи никој, не може да му направи"… Така и Мицковски со изјавата, "Го гледав во очи рускиот амбасадор, кога му реков дека сме против руската инвазија на суверена земја и ја подржуваме Украина‘‘. Стави "круна" (corona pax americana) на долгогодишното и фаворизирано мото #ЕденЕизборот. За потсетување, ДПМНЕ од самото доаѓање на ова раководство, не само што е силен одработувач на доктрината: #EUќеНеРаниNATOќеНеБрани, туку е и силен лобист за "длабоката држава", "темниот кабал", "калето" и се‘ она што значи Антимакедонистика и Антиславистика. Но вреди да се потенцира и цврстиот антагонизам кон Руската Федерација, НР Кина, БРИКС… и сите нивни блиски соработници. Имено ДПМНЕ во времето кога во Венецуела се…

ПрочитајКОНТРОЛИРАНА ОПЗИЦИЈА vs #ОРГАНИЗАЦИЈАТА