7-ми ДЕН ОД “ПОЧЕТОКОТ НА КРАЈОТ “

Колумна: Томче Ширков, член на Претседателството на Родина Македонија Македонци мои, конечно си дојдовме на себе си. Конечно се усредоточивме и фокусиравме. Денес беше седмиот ден од кога ги започнавме протестите и петти ден откако РОДИНА МАКЕДОНИЈА организирано повика на протести. Првиот ден бевме 14 души. Потоа кога се собравме повеќе од 1000 се тепавме со полицијата, па мегусебно (кој што да каже и изјави), потоа со Северномакедонците од гегско потекло… И денеска конечно победа на хармонијата над хаосот! Многу бевме, ако ви речам 30.000, сметајте 40.000, зошто опозиционите медиуми велат 50.000. Бројката е неважна, важно е што не палевме, никој не се тепаше ни со полицијата, ниту за микрофонот, немаше маскирани и многу малке луѓе носеа “партиски обележја“. Доминираше шеснаесет кракото македонско сонце. Доминираше како НАЦИОНАЛНО ЗНАМЕ,…

Прочитај7-ми ДЕН ОД “ПОЧЕТОКОТ НА КРАЈОТ “

РОДИНА МАКЕДОНИЈА ЈА ОСУДУВА ПОЛИЦИСКАТА БУРТАЛНОСТ ВРЗ ГОЛОРАКИОТ МАКЕДОНСКИ НАРОД!

РОДИНА МАКЕДОНИЈА најостро ја осудува примената на прекумерна сила, но и репресивни методи против својот народ, посебно против жени, деца, и пензионери кои најмногу страдаа во стампедото предизвикано од специјалните борбени единици на северна! И за жал, ова не е прв ваков брутален начин на изживување врз недолжни цивили и мајки со деца (под 10год) кои дошле да го изразат своето незадоволство од 30 годишното негирање и преговарање со негаторот. РОДИНА МАКЕДОНИЈА најодговорно ви тврди (видено од првите редови) дека немаше никакво: „Палење на полицајци", „Вооружени вандали" и „Загрозување на животот "! Но, затоа имаше грубо легитимирање со тегнење и влечење, легнување на земја и газење со цокули, употреба на прекумерна сила (и до 3 полицајци на еден голорак протестант) и низа други провокации на хунтата со цел…

ПрочитајРОДИНА МАКЕДОНИЈА ЈА ОСУДУВА ПОЛИЦИСКАТА БУРТАЛНОСТ ВРЗ ГОЛОРАКИОТ МАКЕДОНСКИ НАРОД!

СТАВ НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА ЗА Т.Н. МОДИФИЦИРАН ФРАНЦУСКИ ПРЕДЛОГ

Независно од тоа што Родина Македонија го почитува јасно изјаснетиот став на македонскиот народ на референдумот од 30 септември 2018 година, НЕ за Преспанскиот, НЕ за НАТО и ЕУ, Родина Македонија во целост го отфрла овој предлог, како многу штетен и опасен по идентитетот на македонскиот народ и македонскиот јазик и опстанокот на македонската држава! Тука нема да правиме целосна анализа на предлогот, само ќе се осврнеме на основното ултимативно инсистирање, во однос на внесувањето на бугарскиот народ во Преамбулата на Уставот на Р.Македонија, нешто што и владеачките партии, но и најголемата опозициска партија многу лековерно го прифаќаат, како не опасно и еднократно удоволување на големобугарските апетити, наводно покриено со гаранција за еднократно барање!? Всушност, како што Преспанскиот договор во целост го отфрли значењето на АСНОМ, како завршница…

ПрочитајСТАВ НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА ЗА Т.Н. МОДИФИЦИРАН ФРАНЦУСКИ ПРЕДЛОГ

СУВЕРЕНОСТ, СУВЕРЕНИЗАМ И НИВНАТА СМРТ`

Колумна: Томче Ширков, член на Претседателството на Родина Македонија Во македонското општество ретко кој ги разликува овие два блиски термини, а уште поретко го разбира нивното значење. Токму оттаму доаѓа и целосното губење на вродената потреба за сувереност, а со тоа и губењето на државата како збирна алатка на народот да ја оствари оваа природна и од Бога дадена привилегија. Изразот „Суверенизам" во македонската социологија е неточно препишан од СССР учебниците во 1990г. Дополнително, со осамостојувањето на Р. Македонија, овој термин започнува да се употребува и каде треба и каде не треба. Но, со војната од 2001г и со фактичкото потпишување на капитулација пред NATO агресорските сили и домашните предавници, се губи од употреба во општествениот и политички речник. Но, да одиме од почеток. Сувереност е философски поим…

ПрочитајСУВЕРЕНОСТ, СУВЕРЕНИЗАМ И НИВНАТА СМРТ`

ЈАВЕН ПОВИК!

Во овие траорни и одлучувачки моменти за нас Македонците (по род, државјанство и самоопределба), ги повикуваме сите партии и организации, независно дали се позициски или опозициски, леви или десни: ЗАЕДНО И ОДЛУЧНО да се спротивставиме на шовинистичките и геноцидни предлози на Бугарија и ЕУ (како извршител). РОДИНА МАКЕДОНИЈА во континуитет предупредува дека неминовно ќе дојдеме до ова следејќи го патот „Еден е изборот“. Не радува трезнењето на поединци и групи во парламентарната опозиција и позиција, за смртната опасност од т.н " Француски предлог". Затоа, свесни дека заедно сме посилни и покрај драстичните разлики во нашата идеологија и делување, но и свесни дека вие сеуште имате контрола над многу Македонци, родољуби и чесни патриоти…ве повикуваме заедно и вистински да застанеме во одбрана на МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНСКО, МАКЕДОНЦИ. Да ја отфрлиме…

ПрочитајЈАВЕН ПОВИК!

ПОВАМПИРЕНИОТ БУГАРСКИ ФАШИЗАМ ВО 21 ВЕК, МОРА ДА БИДЕ ПОВТОРНО ПОРАЗЕН!

Синоќешниот настан во бугарското Собрание, каде парламентарци извадија памфлет на кој пишуваше „Македонија е Бугарија“, ни дава до знаење дека во Бугарија повторно дуваат ветриштата од 1941 година, кога токму бугарското Собрание донесе едногласна одлука за ОКУПАЦИЈА на МАКЕДОНИЈА. Кога Македонците го поразија бугарскиот фашизам во 1945, добар дел од гревовите на Бугарија и бугарскиот народ беа простени, а беа договорени низа на активности во бугарското општество за добивање на човекови права на Македонците, како и добивање на културна автономија на Пиринска Македонија, која подоцна требаше да се приклучи кон СФР Југославија. Со повторното повампирување на фашизмот во бугарското општество, Родина Македонија ќе го актуелизира прашањето за воени репарации од страна на Бугарија кон Македонија за периодот од 1941-1945, враќање на Пиринскиот дел од Македонија кон Матицата Македонија…

ПрочитајПОВАМПИРЕНИОТ БУГАРСКИ ФАШИЗАМ ВО 21 ВЕК, МОРА ДА БИДЕ ПОВТОРНО ПОРАЗЕН!

81 ГОДИНА ОД НАПАДОТ НА ЗАПАДНАТА ФАШИСТИЧКА ОСКА ПРЕДВОДЕНА ОД ГЕРМАНИЈА НА РУСИЈА И СССР!

Пред 81 година, нацистичката идеја која ја беше освоила цела западна европа, вклучително и англискиот двор, финансирана од големите капиталисти на западната елита, со 80% од сите расположиви сили удрија на Русија и Советскиот Сојуз. Ветувањата од страна на западните „сојузници“, за отварање на западниот фронт, се оствари 9 месеци пред падот на Берлин. Се чекаше до крај да искрвави рускиот и советските народи, кои со 26,6 милиони животи се положија на браникот на човештвото. За жал и денес на истите граници се наоѓаат истите елити, овој пат прикриени позади шарени идеологии, демократија, лаборатории, итн. Повторно словенските народи се на првите места со жртви во војните кои тие не ги започнаа. Наша задача како антифашистички народ е да Помниме и не заборавиме, од каде пристигнува злото и брато…

Прочитај81 ГОДИНА ОД НАПАДОТ НА ЗАПАДНАТА ФАШИСТИЧКА ОСКА ПРЕДВОДЕНА ОД ГЕРМАНИЈА НА РУСИЈА И СССР!
Read more about the article МЕЃУНАРОДНИОТ ЕКОНОМСКИ ФОРУМ ВО САНКТ ПЕТЕРБУРГ ВО „ИЗОЛИРАНАТА“ РУСИЈА И МАКЕДОНСКАТА „ЕДЕН Е ИЗБОРОТ“!
Russian President Vladimir Putin attends a session of the St. Petersburg International Economic Forum (SPIEF) in Saint Petersburg, Russia June 17, 2022. REUTERS/Maxim Shemetov

МЕЃУНАРОДНИОТ ЕКОНОМСКИ ФОРУМ ВО САНКТ ПЕТЕРБУРГ ВО „ИЗОЛИРАНАТА“ РУСИЈА И МАКЕДОНСКАТА „ЕДЕН Е ИЗБОРОТ“!

Пишува: Зоран Јованчев, Претседавач на Родина Македонија Минатат недела во Санкт Петербург се оддржа 25-от Меѓународен Економски Форум на кој земаа учество претставници од над 140 земји од светот. Тоа е отприлика 7/8 од човештвото, без „посебната“ западна цивилизација која претставува 1/8 и која живее во нејзината проекција за владеење со планетата по старите принципи на ширење на „демократијата“ со осиромашен ураниум и ефтината веќе прикаска, односно морковот за „просперитетниот“ и „напреден“ запад, кој нема алтернатива, односно „Еден е изборот“. Во домашниот медиумски простор, се разбира „демократизиран“ со парите на Сорос и западните амбасади и фондови, овој форум помина незабележително. Добар дел од нашиот народ и нашата земја (наративата на ДПМНЕ и СДС), за да остане наш народ и наша земја, а не Македонија и Македонци, не смее…

ПрочитајМЕЃУНАРОДНИОТ ЕКОНОМСКИ ФОРУМ ВО САНКТ ПЕТЕРБУРГ ВО „ИЗОЛИРАНАТА“ РУСИЈА И МАКЕДОНСКАТА „ЕДЕН Е ИЗБОРОТ“!

ЧЕСТИТКИ ДО БРАТСКИОТ РУСКИ НАРОД!

На братскиот руски народ му го честитаме 12 јуни - Денот на Русија, ден во слава на современата руска држава. Македонскиот и руски народ чекореа заедно низ милениумите помагајќи се во духовниот, културен, образовен развој, кои се важен сегмент од подигање на народ со слободарски дух. Во втората светска војна рамо до рамо се боревме против фашистичкиот окупатор и победивме. Денес сме тука, да го продолжиме тој пат и надградиме. Русија е напред на тој пат, штитејќи го семејството од одродничките идеологии, штитејќи ја својата земја од алчните западни елити, давајќи повторно пример, како се сака својата Родина и како се жртвува за истата.

ПрочитајЧЕСТИТКИ ДО БРАТСКИОТ РУСКИ НАРОД!

ЈАЗИКОТ НАШ НАСУШЕН Е РИЗНИЦА НА НАШАТА МЕМОРИЈА

Идентитетот наш, на македонскиот народ, е определен од генезата на името Македонија.Оттука се‘ започнува и се‘ завршува!И Националниот Идентитет е определен со основните критериуми, помеѓу кои првиот е јазикот, а потоа, етницитетот, историското минато, културата, територијата. Затоа и првата работа која ни ја наметна ‘‘меѓународната‘‘ е кон бришење на името на државата, од Лисабонската забрана на употреба на името Македонија, наметнувње на привремена референца, до ‘‘дефинитивна‘‘ промена на името на државата! Повеќе од дефинирана е причината на сите проблеми кои како темна верига натежнале и секојдневно се нижат врз нас, е понижувачкиот Преспански монструозан договор, со кој ексклузивното право на зборот македонски го доби Грција! Секако тука се и договорот со Бугарија, Тиранската платформа, Охридскиот договор, кои длабоко навлегуват во идентитетските обележја на македонскиот народ и на Македонија…

ПрочитајЈАЗИКОТ НАШ НАСУШЕН Е РИЗНИЦА НА НАШАТА МЕМОРИЈА