РОДИНА поставува правен темел не само за поништување на незаконските избори туку и за затвор за криминогените квази-избори!
Родина Македонија на 30ти јули 2020 поднесе барање до Уставен Суд на Република да ги поништи незаконитите квази-избори од 15ти јули 2020. Незаконитите и штелувани избори дали по одлука на овој состав на Уставен Суд или пак некој следен, ЌЕ БИДЕ ОСНОВА НЕ САМО ЗА ПОНИШТУВАЊЕ НА ИЗБОРНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ТУКУ И ЗА ЗАТВОР ЗА ОНИЕ КОИ КРИМИНОГЕНО ГИ УКРАДОА И ШТЕЛУВАА ПРЕД ОЧИТЕ НА ЦЕЛИОТ МАКЕДОНСКИ НАРОД! Покрај ова, претходно ги разголивме и извадивме на виделина пред цел македонски народ некадарниве и безобразни апаратчици од ДИК под контрола на корумпираниве кога на легално и уредно регистираната партија Родина Македонија (и на 2 други партии) на 9ти Јуни 2020 им беше ускратено правото да поднесат изборни листи за идни избори во септември или октомври како што беше единствено можно…