РОДИНА НА ПЛОШТАД МАКЕДОНИЈА ВО ГЛАВНИОТ ГРАД, СРЕДБА СО СКОПЈАНИ
Почитувани браќа и сестри Македонци,Од утре 22.01.2020 година (среда) па сè до 26.01.2020 (недела), Родина Македонија со својот штанд ќе биде присутна на плоштадот на главниот град на Р. Македонија, Скопје, во периодот од 12 до 16 часот. Место каде се среќаваат минатото, сегашноста и иднината. На просторот каде гордо стои првиот Претседател на антифашистичка Македонија, големиот Методија Андонов Ченто, Гемиџиите и илинденците, Цар Самоил и неговата средновековна македонска држава, Вистинијан Управда креаторот на македонското право кој ја врати империјата во владеење на нашиот народ, цветот на илјадагодишната античка македонска држава устроена по македонските принципи и вредности на Александар Македонски. Родина Македонија е организација која се подига во изворните македонски идеали и вредности, платформа за секој родољубив Македонец кој сака да го даде најдоброто од себе за својот…