Платформа – Вистински Македонски Пат
ПОВИК ДО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И СИТЕ НЕГОВИ ПАТРИОТСКИ ПРЕДСТАВНИЦИ, ПАРТИИ, ДВИЖЕЊА, ОРГАНИЗАЦИИ, ПОЕДИНЦИ - ЗА ИДЕОЛОШКО ОБЕДИНУВАЊЕ ОКОЛУ ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНСКА ПОБЕДНИЧКА ПРОГРАМСКА ПЛАТФОРМА - ВИСТИНСКИОТ МАКЕДОНСКИ ПАТ Обединувајќи го потенцијалот на Родољубивите Македонците од надвор и татковината, обединети во идеалот за независна, суверена и просперитетна Македонија, ја подигнавме програмата Вистински Македонски Пат, која е единствена можна и победничка програма за новото надоаѓачко време на суверени нации и држави ослободени од рекетарскиот јарем на неолибералниот фашизам. Го кренавме Родољубивиот систем Родина, каде секој Македонец во љубов, знаење и способност може да го заземе своето место. Без должничко доверителски односи, без обврски кон никого, освен кон сопствениот народ и земја, да му се Служи со најдоброто од нас. Свесни за предизвиците и со единствена мисла за семакедонско национално движење, но…
