Скршениот Американски сон и посетата на Помпео
Генералот на војската на САД Весли Кларк ќе изјави „за 5 години ќе нападнеме 7 земји, ќе почнеме со Ирак, после Сирија, Либан, Либија, Сомалија, Судан и ќе завршиме со Иран“. Најголемите хуманитарни катастрофи на крајот на 20от и почетокот на 21от век се токму во тие земји предизвикани од САД и западни сојузници и сојузи. Американскиот политичар и дипломат Медлин Олбрат ќе изјави „500 000 ирачки деца жртви на западните санкции вредеа. Бомардирањето на суверени земји, предизвикување на хуманитарни катастрофи од планетарен карактер, стана препознатливо за САД и западните земји. Хибридните војни, државни удари, уривање на волјата на народите на сите 4 страни на светот. Македонија во 2001 и 2015 година стана мета на воено сценарио и хибридна војна од САД и западните сојузници за редифинирање на…