КОГА РОДИТЕЛИТЕ ЌЕ ГО ПОДИГНАТ ГЛАСОТ ДИРЕКТОРОТ СЕ ПОВЛЕКУВА
Жестока реакција на родителите на учениците од ООУ „Љубен Лапе“ во Скопје, да го запрат обидот на директорката за протнување на трансродови еднодневни активности во училиштето. Во услови на хаос во образовниот систем во Македонија, кога учениците поради наводно поставени бомби во училиштата изгубија голем број наставни часови, одекна уште една бомба, овој пат од ОУ „Љубен Лапе“ во населбата Аеродром во Скопје, во која со одобрение на директорката, учениците од VI до IX одделение, по теркот на западните трансродови општества цела недела ќе реализираат предновогодишни активности надвор од наставната програма зачинети со трансродови содржини. Оваа вест одекна како еден вид освестување на родителите кои како формални членови на Советите на родители во училиштата беа заобиколени и вчудоневидени од идејата, нивните деца во училиштето да практикуваат програма со…
