81 ГОДИНА ОД НАПАДОТ НА ЗАПАДНАТА ФАШИСТИЧКА ОСКА ПРЕДВОДЕНА ОД ГЕРМАНИЈА НА РУСИЈА И СССР!

Пред 81 година, нацистичката идеја која ја беше освоила цела западна европа, вклучително и англискиот двор, финансирана од големите капиталисти на западната елита, со 80% од сите расположиви сили удрија на Русија и Советскиот Сојуз. Ветувањата од страна на западните „сојузници“, за отварање на западниот фронт, се оствари 9 месеци пред падот на Берлин. Се чекаше до крај да искрвави рускиот и советските народи, кои со 26,6 милиони животи се положија на браникот на човештвото. За жал и денес на истите граници се наоѓаат истите елити, овој пат прикриени позади шарени идеологии, демократија, лаборатории, итн. Повторно словенските народи се на првите места со жртви во војните кои тие не ги започнаа. Наша задача како антифашистички народ е да Помниме и не заборавиме, од каде пристигнува злото и брато…

Прочитај81 ГОДИНА ОД НАПАДОТ НА ЗАПАДНАТА ФАШИСТИЧКА ОСКА ПРЕДВОДЕНА ОД ГЕРМАНИЈА НА РУСИЈА И СССР!
Read more about the article МЕЃУНАРОДНИОТ ЕКОНОМСКИ ФОРУМ ВО САНКТ ПЕТЕРБУРГ ВО „ИЗОЛИРАНАТА“ РУСИЈА И МАКЕДОНСКАТА „ЕДЕН Е ИЗБОРОТ“!
Russian President Vladimir Putin attends a session of the St. Petersburg International Economic Forum (SPIEF) in Saint Petersburg, Russia June 17, 2022. REUTERS/Maxim Shemetov

МЕЃУНАРОДНИОТ ЕКОНОМСКИ ФОРУМ ВО САНКТ ПЕТЕРБУРГ ВО „ИЗОЛИРАНАТА“ РУСИЈА И МАКЕДОНСКАТА „ЕДЕН Е ИЗБОРОТ“!

Пишува: Зоран Јованчев, Претседавач на Родина Македонија Минатат недела во Санкт Петербург се оддржа 25-от Меѓународен Економски Форум на кој земаа учество претставници од над 140 земји од светот. Тоа е отприлика 7/8 од човештвото, без „посебната“ западна цивилизација која претставува 1/8 и која живее во нејзината проекција за владеење со планетата по старите принципи на ширење на „демократијата“ со осиромашен ураниум и ефтината веќе прикаска, односно морковот за „просперитетниот“ и „напреден“ запад, кој нема алтернатива, односно „Еден е изборот“. Во домашниот медиумски простор, се разбира „демократизиран“ со парите на Сорос и западните амбасади и фондови, овој форум помина незабележително. Добар дел од нашиот народ и нашата земја (наративата на ДПМНЕ и СДС), за да остане наш народ и наша земја, а не Македонија и Македонци, не смее…

ПрочитајМЕЃУНАРОДНИОТ ЕКОНОМСКИ ФОРУМ ВО САНКТ ПЕТЕРБУРГ ВО „ИЗОЛИРАНАТА“ РУСИЈА И МАКЕДОНСКАТА „ЕДЕН Е ИЗБОРОТ“!

ЧЕСТИТКИ ДО БРАТСКИОТ РУСКИ НАРОД!

На братскиот руски народ му го честитаме 12 јуни - Денот на Русија, ден во слава на современата руска држава. Македонскиот и руски народ чекореа заедно низ милениумите помагајќи се во духовниот, културен, образовен развој, кои се важен сегмент од подигање на народ со слободарски дух. Во втората светска војна рамо до рамо се боревме против фашистичкиот окупатор и победивме. Денес сме тука, да го продолжиме тој пат и надградиме. Русија е напред на тој пат, штитејќи го семејството од одродничките идеологии, штитејќи ја својата земја од алчните западни елити, давајќи повторно пример, како се сака својата Родина и како се жртвува за истата.

ПрочитајЧЕСТИТКИ ДО БРАТСКИОТ РУСКИ НАРОД!

ЈАЗИКОТ НАШ НАСУШЕН Е РИЗНИЦА НА НАШАТА МЕМОРИЈА

Идентитетот наш, на македонскиот народ, е определен од генезата на името Македонија.Оттука се‘ започнува и се‘ завршува!И Националниот Идентитет е определен со основните критериуми, помеѓу кои првиот е јазикот, а потоа, етницитетот, историското минато, културата, територијата. Затоа и првата работа која ни ја наметна ‘‘меѓународната‘‘ е кон бришење на името на државата, од Лисабонската забрана на употреба на името Македонија, наметнувње на привремена референца, до ‘‘дефинитивна‘‘ промена на името на државата! Повеќе од дефинирана е причината на сите проблеми кои како темна верига натежнале и секојдневно се нижат врз нас, е понижувачкиот Преспански монструозан договор, со кој ексклузивното право на зборот македонски го доби Грција! Секако тука се и договорот со Бугарија, Тиранската платформа, Охридскиот договор, кои длабоко навлегуват во идентитетските обележја на македонскиот народ и на Македонија…

ПрочитајЈАЗИКОТ НАШ НАСУШЕН Е РИЗНИЦА НА НАШАТА МЕМОРИЈА

ПОДДРШКА НА ОДВАЖНИОТ АКТ НА ЛАМБЕ АЛАБАКОВСКИ

Кога комплетниот институционален држвен систем е ставен во потчинетост на субверзивната агенда на големите сили и алчните апетити на соседите, секој чин, на поединец или организација, за спас на државата и заштита на националните интереси е повеќе и‘ од насушна потреба! Да потсетиме, Родина Македонија даде остра критика за отворањето на скандалозниот клуб ‘‘Иван Михајлов‘‘ во Битола, каде ги искажавме опасностите од активноста на такво антимакедонско дувло. Но и од дрскоста на небулозната, незаконска документација за отворање на едно овакво сомнително дувло со отворен фашистички карактер, под името на џелатот на македонската национална идеа, отворен соработник со фашистите и фашист! Посебно кон дрскоста и парадирање на отворен фашизам од страна на цела државничка бугарска елита=булумента на македонско тло! Поставивме отворено прашање, ако Македонија е плод на комунизмот (нивна…

ПрочитајПОДДРШКА НА ОДВАЖНИОТ АКТ НА ЛАМБЕ АЛАБАКОВСКИ

ЗА СПАС НА НАШАТА МАКЕДОНИЈА!

Можеби сте забележале, а сигурно и сте виделе!?Секој втор текст, објава или рубрика во ‘‘Курто&Мурто‘‘ медиумите е на тема : “Младите се исселуваат“ (но веќе и постарите) и заради тоа се‘ поопасна станува “Белата чума“ во состојба на пандемија, супра- пандемија, студена, а Богами и Жешка војна… Но, ова не е “тазе“ проблем. Во 2004 год кампањата на Гурјо беше “Главата Горе- да го спречиме исселувањето“. Потоа во 2015год Шарените (куртон) револуционери, редеа патики пред влада, како перформанс, за мотото “Да го срушиме груевизмот- да престане исселувањето“. Денес (во втората половина на 2022 год), сме повикувани, повторно и повторно на протест под мотото “Не е намалена невработеноста, народот се иссели“.И така ДПМНЕ по 3-4 пат за овие 30 год, не повикува под истото мото, да делуваме за да…

ПрочитајЗА СПАС НА НАШАТА МАКЕДОНИЈА!

СРАМНА ОДЛУКА НА МНР, ОДНОСНО НА ИСПОСТАВАТА НА УЧК!

Срамна е одлуката на МНР, односно испоставата на УЧК, да не дозволи прелет на авионот на Министерот за надворешни работи на Русија, почитуваниот Сергеј Лавров за официјална средба во трета земја! Срамен е и молкот на двете евроатлантистички партии СДС на нивната земја и ДПМНЕ на нивниот народ, кои се само декор на оваквата политика, која е антинародна, антимакедонска. За жал и добар дел од нашиот народ дреме во двете идеолошки умрени евроатлантски системски партии ДПMНЕ и СДС и се дел од оваа срамна политика, која Македонија веќе скапо ја чини. Цените на енергенсите, вештачкото ѓубриво, храната, неизвезеното земјоделско производство, уништени енергетски капацитети, хидро потенцијал е пред се ПОСЛЕДИЦА на погрешните политики токму на оваа влада, инсталирана преку изборен менаџмент и шарени револуции, уценети политичари, итн… Родина Македонија…

ПрочитајСРАМНА ОДЛУКА НА МНР, ОДНОСНО НА ИСПОСТАВАТА НА УЧК!

КУЛТУРНО-МОРАЛНО ОПШТЕСТВЕН ПОРЕДОК

Пушува, Мартин Буровски Возљубени во Христа Бога отци, браќа и сестри, јас не ќе имам нешто многу да ви кажам за мене, но, се разбира најглавното дека ниту сум син на бизнисмен, чиновник, или функционер туку едно обично дете пораснато во дом. Па, така мојата мисла ќе ја изгуби смислата ако мојата мисла ја изневери смислата на книгата над сите книги, се разбира тоа е нашата библиска и антрополошка егзистенција. Па, се што сум стеклнал во животот главно го препишувам на моите стари мајстори врвни сликари, зографи, скулптори како и да не ги заборавам моите опитни духовници коишто ми ги предадоа тајните на спасението. Пред се, сакам накратко да поминам низ неколку теми пред се за нашата библиска антропологија како и за потребата за реевангелизација и за просветителската…

ПрочитајКУЛТУРНО-МОРАЛНО ОПШТЕСТВЕН ПОРЕДОК

ПАТОТ Е ЕДЕН И 110 ДЕНАРИ ЛИТАР БЕНЗИН!?

Последниот бран на поскапувања уште еднаш ни ја покажува безидејноста и бедата на „Нивната земја“, со единствена употребна вредност, воена колонија на САД и НАТО и депонија на нивниот отпад. Изборот е еден со „бесплатното“ европско здравство на три децениски пат кон ЕУ, со сите можни реформи и западни менаџирања на состојбите, ја донесоа Република Македонија до самата бездна, демографска, економска, социјална, морална. Алчноста на поединецот, корпорацијата и вечно ненаситна за ресурси западна цивилизација „вешто“ прикриена со театарот на демонкратијата! Цените на храната, енергенсите во голем дел се последица и од погрешната стратешка поставеност на Република Македонија, која со санкциите кон Русија, си стави јаже околу вратот и се обеси пред очите на НАТО и ЕУ, за да покаже колку сме НАТО и ЕУ! Нашата заглавеност во западниот…

ПрочитајПАТОТ Е ЕДЕН И 110 ДЕНАРИ ЛИТАР БЕНЗИН!?

Честит 24 Мај, Ден на сесловенските просветители

„Не врне ли дожд од Бога еднакво врз сите? А сонцето не грее ли исто така за сите? Зар не дишиме воздух сите еднакво? Па тогаш, како не се срамите да признаете само три јазика, а сите други народи сакате да бидат слепи и глупави?“ Нека ни е честит и вековит Денот на сесловенските просветители, ден на Светите солунски Браќа Кирил и Методиј од Македонија!Македонија е просветителство, Македонија е будителство, Македонија е писменост, добрина, љубов кон својот род и народ!

ПрочитајЧестит 24 Мај, Ден на сесловенските просветители