СМРТ НА НАРОДОТ – СЛОБОДА НА ФАШИЗМОТ!
Кога доаѓа времето живите да им завидуваат на мртвите и кога ниту на мртвите им е допуштена привилегијата да почиваат во мир зашто по коските нивни газат тешки странски чизми, а душата им е обеспокоена од демонски лаги, измами и белосветски преваранти и кога на ваквата состојба „гарант“ ќе им биде НАТО, тогаш има само една констатација: тешко нам! А, кога на овие западни терористички орди кои убиваат и живо и мртво под закрила на сатанизираната држава на Американците, ќе им се приклучат уште и 114 од 116 поранешни Македонци, а сега измеќари во служба на демонот, тогаш имаме уште потежок заеднички именител за состојбата во која се наоѓа Македонија – црнила! Денес, приемот во фашистичко – геноцидната НАТО алијанса се прогласува за свечен чин, но повеќе наликува…