Поддршка на маршот за чист воздух

Без храна човекот може да издржи 1-2 месеци, без вода 1-2 недели но без воздух за повеќето од нас ќе биде чудо ако преживееме 1-2 минути. За жал либералниот капитализам и алчните политичари и капиталисти, во трката за вечен економски раст и неограничен профит, на површина ја извадија својата ограничена свест, за себе, за своите блиските и за планетата земја. Полнејќи ги своите сефови и банкарски сметки, ја наполнија земјината атмосфера со отров. Парите за себе, отровот за сите. Господо безумни профитери, нашиот воздух е наше природно право, а не ваш неограничен ресурс за бесконечно богатење. Родина во целост го поддржува протестниот марш за чист воздух во Петок, 29 ноември 2019 од 17:00 до 19:00 пред министерството за животна средина и просторно планирање. Родина во своите програмски цели…

ПрочитајПоддршка на маршот за чист воздух

НАТО и ЕУ нема алтернатива е празната мантра по која се распознаваат сите западни инсталации во евроатланската колонија Балкан

Ќе излезете од руска амбасада и во првите 10 секунди лидерот на ДПНЕ како дете кога ќе гo фатиш во беља ќе изјави, ама чичко не бев јас, НАТО и ЕУ нема алтернатива. Ќе ви ги затворат портите на ЕУ, ќе ве претворат во некаква тампон зона, понижени, голи, искамшикувани и Северни и лидерот на СДС со истата колонијална мантра, НАТО и ЕУ нема алтернатива. Токму западните институти и служби ги креираа и инсталираа оваквите клонови во македонската политика во скоро сите политички партии, а тоа пак е одраз на силината и искреноста на евроатланската идеја на Балканот и во Македонија за која се повеќе народ е свесен. Македонија денеска е класична колонија од која се исцрпуваат човечките и природните ресурси, а во неа треба да остане се…

ПрочитајНАТО и ЕУ нема алтернатива е празната мантра по која се распознаваат сите западни инсталации во евроатланската колонија Балкан

Сите држави или имаат или бараат алтернатива на НАТО и ЕУ, само Македонија ли нема алтернатива?

  • Post category:Колумна

Вести во последните 7 дена кои нема да ги слушнете и видите на македонските медиуми.Африка исплати 500 милијарди евра колонијални такси на Франција.Русија отпиша 20 милијарди долари долг на Африка.Самит Африка-Русија во Сочи на кои присуствуваа 47 државници.Велика Британија за 5 пати го зголеми увозот на руски гас.Германија преговара со кинескиот Хуавеј за 5Г мрежа во Германија.Пентагон потврди дека го предале клучниот сирискиот град Манџиб на Русите.Вежба Словенско братство во Србија со напредниот руски стратешки систем С-400.Србија потпиша договор со Евроазија.Македонија не започна преговори во ЕУ, после 27 години исполнување на сите мазохистички западни желби, 10 препораки и државен удар изведен од западните агенции за инсталирање на Северна, е оваа информација е 24/7 на сите медиуми, дека сепак има надеж за 2050 година, Во Македонија НАТО и ЕУ…

ПрочитајСите држави или имаат или бараат алтернатива на НАТО и ЕУ, само Македонија ли нема алтернатива?

РОДИНА ќе го Отпише Македонскиот Надворешен Долг, Нека си го Земаат од Корумпираните на Кои им ги Даваа, не од Нашите Деца и Внуци!

  • Post category:Uncategorized

Родина ќе го Отпише Долгот кон Меѓународните Банкари Даден на Корумпираните Елити за Нивно Лично Богатење! Глобалните комерцијални банки кои даваа кредити на корумпираните политички елити за да завршат во приватни џебови во исто време кога сами ги оценуваа како корумпирани по нивните меѓународни стандардни индикатори (Светска Банка, ММФ итн) нека се ги бараат сега долговите назад токму од тие корумпирани елити. Родина нема да дозволи вашето лично корумпирано богатење да го плаќаме ние, нашите деца, внуци и правнуци! Според анализите на Родина корумпираните политички елити исцицуваат 1.4 Милијарди Долари годишно од Македонската Економија и намерно ја носат во неизбежен финансиски и економски колапс и банкрот кој и е планиран од страна на глобалистите и нивните марионети со цел да покажат, еве не можеме ние сами да се…

ПрочитајРОДИНА ќе го Отпише Македонскиот Надворешен Долг, Нека си го Земаат од Корумпираните на Кои им ги Даваа, не од Нашите Деца и Внуци!

Како се “Отуѓуваат” Хидроцентрали? И Сега ХидроМицко е Мицко-Милионер или Мицко со ХидроБратучед?

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за порталот Макфакс откри ексклузивна информација, изјавувајќи дека тој веќе не е сопственик на удел на хидроцентралите од 7 проценти, "гордо" пренесува ДПНЕ сајтот. Нам обичните граѓани ни останува нејасно како тоа се отуѓуваат Хидроцентрали. Да не збoруваме и како професор во сосема друга сфера со професорска плата кој никогаш не бил бизнисмен воопшто доаѓа до удел во хидроцентрали? Не знаеме, сме немале, па интересно е да ни се објасни каде завршуваат отуѓените хидроцентрали? Во дом за отуѓени хидроцентралчиња? Дали сега ХидроМицко е само Мицко со Хидро-Братучед? Или ако е продадено на неделниот таен пазар за хидроцентрали некаде околу Скопје каде од проценето 10-милионскиот (во Евра) заврши уделот на ХидроМицко? Ги подели ли со сиромашните како Робин Худ? Можеби ги даде за борба…

ПрочитајКако се “Отуѓуваат” Хидроцентрали? И Сега ХидроМицко е Мицко-Милионер или Мицко со ХидроБратучед?

МАКЕДОНСКОТО СОНЧЕВО ВОСТАНИЕ ПРОДОЛЖУВА

МАКЕДОНСКОТО СОНЧЕВО ВОСТАНИЕ ПРОДОЛЖУВА Браќа и сестри и сите пријатели на Македонскиот народ, Ги вложуваме и уште повеќе без штедење ќе ги вложиме сите свои сили, за со секој збор, со секое дејство, со секој здив да се избориме за целосната слобода - за Македонија на Македонците.За секој честит, достоинствен Македонец, но и за секој македонски граѓанин кој ја почитува Македонија, нема друг излез, нема друго решение, освен отфрлање на наметнатата предавничко-окупаторска власт. Ослободување од партиско-мафијашките структури и создавање на праведно и напредно македонско општество. За оваа цел да не пропуштаме да ја искористиме секоја прилика и секој потенцијал. Така, после одбележувањето на 30 Септември - денот на успешното отфрлање на незаконскиот референдум, неизоставно ПРОДОЛЖУВАМЕ со одбележување на 23 ОКТОМВРИ - ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА БОРБА. ПОВТОРНО ПОВИКУВАМЕ…

ПрочитајМАКЕДОНСКОТО СОНЧЕВО ВОСТАНИЕ ПРОДОЛЖУВА

23 Октомври 1893 – 2019 година

23 Октомври 1893 година во Солун, Егејска Македонија од 6 млади Македонци е формиран македонскиот револуционерен комитет, кој беше зачетокот на организираната револуционерната борба на македонскиот народ, кој преку илинденското востание, крушевската република и АСНОМ успеа да ослободи дел од Македонија и да го оствари стремежот на илјадниците генерации Македонци за независна Македонија. 23 Октомври 2019 година,Урната Републиката на Македонците, од внатре, со хибридна војна од надвор, со слуги на странските интереси, урнат Устав на Р.Македонија, урнат АСНОМ, урнато Собрание и политички партии, урнати институции кои требаше да служат на македонскиот народ, урнато меѓународното право, урната волјата на македонскиот народ јасно искажана на двата референдума. Ние на овој датум ќе одадеме почит за животите положени за македонскиот идеал за независна Македонија и ќе пратиме порака дека независна Македонија е…

Прочитај23 Октомври 1893 – 2019 година

Саботно Охридско советување на Родина Македонија, 19ти Октомври 2019

Прекрасна енергија и проширување на нашето братство околу светата идеја со разработка на планот за спроведување на платформата Вистинскиот Македонски Пат за национално, економско и социјално Возобновување на Македонската Државност! Се формира јадрото на општинскиот комитет за Охрид од највидни патриоти, интелектуалци и професионалци во своите дејности. Контакт и информации за приклучување ohrid@rodina.org.mk, contact@rodina.org.mk. Лица за контакт: Климе Новески и Давор Ристески

ПрочитајСаботно Охридско советување на Родина Македонија, 19ти Октомври 2019

БАЛ-КАН-ТА пазар

  • Post category:Колумна

Неколку децениската врвулица на мегалитскиот балкански канта пазар ја достигнува својата кулминација. Тезгаџиите нудат, довикуваат, ги тегнат за ракав минувачите, но и редат сочни обвинувања за своите наводни конкуренти и нивната понуда. Па така оние од левиот ред тезги обоени со плава боја заедно со дивите тезгаџии со плави картонски кутии во моментот својата роба ја нудат со голем попуст и сѐ прават само да ја распродадат истата. Од спротивниот табор, црвените тезги, пак цената ја држат вештачки повисоко и немајќи многу работа постојано довикуваат до минувачите, потенцијалните муштерии, да не купуваат од плавите тезги, затоа што робата им е расипана, крадена и неквалитетна. Вчера беше обратно. Се договараат меѓу себе и полесно продаваат. Монопол. Кога дпне преговараше за името Стево викаше дека душа ќе вади на некој…

ПрочитајБАЛ-КАН-ТА пазар

Датумот, ЕУ и геноцидот Северна

Македонската политичка, општествена и медиумска корумпирана елита чека Датум за ЕУ, каде Северна треба да започне преговори со Унија во која Македонците ги немаат основните човекови права и Унија која во континуитет на диво ја користи земјата на Македонците во Беломорска Македонија, етнички очистени токму од основачите на таа Унија. Диригентот од ЕУ и САД ги диригира сите фрекфенции кои во хипнотички транс зрачат Датум за ЕУ на Северна. Во Универзетите, Ректоратите, МАНУ, луксузните сепариња каде седи македонската елита, медиумските елитни клубови, ДАТУМ за ЕУ на Северна е животно важна тема. За Родина оваа состојба е целосен пад на еден народ, неговите претставници и тоа што се вика денеска „елита“, која си ја продаде душата на ѓаволот, а проба да ја продаде и душата на народот, кој во…

ПрочитајДатумот, ЕУ и геноцидот Северна