Родина Македонија во последните неколку дена ги детектира и бара запирање а и кривична одговорност за следните пропусти и репресивно однесување, сега на полициската антиуставна држава Северна во која нелегитимните однадвор наметнати власти кои служат на надворешни центри ја користат кризата за доограбување на македонскиот народ и неговите јавни добра, доуништување на изворната македонска економија во корист на туѓите економски интереси.
- Македонско-бугарска граница. Одземање на пасоши на граница на наш народ, нивен транспорт како најголеми криминалци во полициско комбе, наредени еден до друг како сардини, во карантин кој не пости и кој нема основни услови. Во услови кога имаме мерки за држење на растојание, со овој чин директно е загрозен животот на нашите граѓани.
- Респиратори од Бразил. Најскапа понуда, со сомнителен квалитет и сума многу поголема од реалната. Иако откажани, шемата на рекет на оваа криминална антиуставна инсталација од надвор продолжува и во услови на вонредна состојба.
- Карантин касарна Пепелиште, кој треба да прифати 300 луѓе, снимена од групата граѓани кои престојуваа една ноќ, празна, без основни услови за престој.
- Веќе втора недела, партизираното образование кренато на примитивни антивредносни системи, се разбира во европскиот дух, се покажа целосно неспособно за организирање на настава преку електронски пат.
- “Помошта” од ЕУ и НАТО. Овие системи се покажаа исклучиво добри само кога треба да се пренесе одредено благо во еден правец, од државата кон нив. Притоа мислиме на профитите од банките, осигурителните компании, телекомите, енергетиката, експлоатација на рудните богатства, човечките ресурси и животите на нашие војници.
Во услови на криза, сите импровизации паѓаат.
Оваа криза ја соголува импровизација на држава на овој криминоген систем, кој во континуитет со децении извлекува милијарди евра наши народни пари.
Целосната негрижа на досегашните политички елити кон здравството, школството и државата во целина, го загрозува животот на целиот наш народ.
Родина Македонија повикува на формирање на Експертска Влада, која преку квалитетот, знаењето, професионалноста и општествената одговорност ќе започне со воспоставување на вистинскиот ред, безбедност и сигурност на целата наша територија, Република Македонија.
Бидете дел од политичката партија „Родина Македонија“