You are currently viewing РОДИНА МАКЕДОНИЈА ЗА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ 2024

Откако е формирана во 2020 година и пререгистрирана во 2024 година, во очи на парламентарните избори, Родина Македонија за прв пат настапи на избори за пратеници во Домот на народот.

Свесни сме дека нашиот говор, залагања, програмски цели, идеи за мултиполарен свет, со истовремено зачувување на автохтоната древна македонска идеја, се неколку години пред општото сфаќање на народот во нашата Татковина. Токму затоа им благодариме, но и им честитаме на храбрите Македонци, целосно излезени од системот на стариот западен еднополарен свет во изумирање, кои го дадоа својот глас за овие идеи.

Во однос на тоа што Родина Македонија доби повеќе гласови од партии кои постојат повеќе време на политичката сцена, можеме и да бидеме задоволни. Но, од аспект на минатиот општествен труд, кога сегашните членови на Родина Македонија учествувале на десетици протести против промена на името, а како партија јасно и гласно преку протести и јавни настапи го искажа својот став за францускиот предлог за Бугари во Уставот, за мерките и присилната вакцинација за време на т.н. пандемија, потоа сеопфатното сексуално образование и родовата идеологија и за многу други погрешни потези на естаблишментот во насока на рушење на нашиот суверенитет и целосна деградација на општеството, овој резултат е недоволен.

Наша задача сега е да ја оддржиме и подигнеме Родина Македонија. Се надеваме дека во тој процес ќе ни се приклучуваат сѐ повеќе Македонци. За нас зборови како „пораз“, „не можеме“, „мали сме“, „разочарани сме“, не постојат.

Во однос на победата на ВМРО-ДПМНЕ, наше видување е дека тие се пред огромен предизвик и ќе бидат под голем притисок од јавноста бидејќи народот е премногу разочаран од политиките кои се водеа до сега. Народот очекува:

  • Под итно да се направи стратегија за враќање на нашето вековно име Република Македонија;
  • Да се запре со срамниот притисок за промена на важечки документи;
  • Да се смени конечно изборниот законик и да се формира една изборна единица, отворени листи и вистински да се демократизира процесот. Да се гласа за лица, не за партии;
  • Ниту под еден услов да не се менува Уставот заради вметнување на сите можни етникуми во него, освен за враќање на старите АСНОМ-ски принципи;
  • Надворешната политика да се води достоинствено и проактивно, без нарушување на односите со наши братски народи, со отворање на умот за новиот мултиполарен свет и отфрлање на реториката „Изборот е еден“!;
  • Декриминализација на администрацијата и судството;
  • Почитување на правата на луѓето, темелно реформирање на здравствените, образовните, земјоделските, социјалните и останати политики, итн.

Родина Македонија постои поради погрешните потези и политики водени од двете партии ДПМНЕ и СДС, кои подеднакво се одговорни за срамните договори кои во континуитет ја бришеа Македонија и македонскиот народ, како и енормната корупција во нашето општество. Ние сме свесни дека раководството на ДПМНЕ е водено од истиот глобален центар како и на СДС и дека веројатно ќе водат многу слични политики, но народот на овие избори одбра да верува дека нема да биде така.

Родина Македонија ќе следи будно и ќе ги критикува секогаш и секаде сите кои ќе продолжат да го загрозуваат македонскиот национален идентитет или пак кои нема да преземат активности за враќање на истиот. Конститутивен народ на Република Македонија е МАКЕДОНСКИОТ НАРОД! Сите останати се добредојдени и ќе ги уживаат основните човекови права, но не можат и не смеат да бидат дел од Преамбулата на Уставот.

Го поздравуваме и растот на Левица, како левичарска партија кои ќе ги исфрлат СДС од политичкиот систем, оние кои се смртна закана за Македонија и Македонците.

Светот е веќе променет, наша обврска е во Македонија да донесеме суштински промени за опстанок на нашата држава и народ!


Придружете се на телеграм каналот на Родина Македонија Телеграм Родина

Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет!

Пополнете пристапница

Напишете коментар