30-ТИ СЕПТЕМВРИ, ТРИТЕ ИСТОРИСКИ НЕ ЗА СПАС НА МАКЕДОНИЈА,МАКЕДОНСКО,МАКЕДОНЦИ
УЧЕСНИЦИ: ТОМЧЕ ШИРОВ, ЧЛЕН НА ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА ТОДОР ПЕТРОВ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СМК КРИСТИЈАН ПЛОТНИКОВ, ДЕСНА Во живо на нашиот јутуб канал.
УЧЕСНИЦИ: ТОМЧЕ ШИРОВ, ЧЛЕН НА ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА ТОДОР ПЕТРОВ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СМК КРИСТИЈАН ПЛОТНИКОВ, ДЕСНА Во живо на нашиот јутуб канал.
Уставниот суд одлучи дека е ненадлежен за Преспанскиот договор. Оваа одлука не е изненадувачка, бидејќи одамна овој суд е ненадлежен за кршењето на Уставот и е ставен целосно во служба на туѓите интереси и партиската мафија. Со Преспански договор, инаку потпишан од неовластено лице, Министер, а не Претседател, се смени уставното име на Република Македонија. Ако на ова го додадеме и Референдумот од 30 септември 2018 година, како највисок демократски институт во демократијата кој го спречува промена на името, Уставниот суд се приклучува во институции кои се соучесници во уривање на уставниот поредок. Нормално е тие судии во ваквите политички околности да се чувствуваат комотно во неизвршување на нивните функции, како судии на Уставен суд, за кои се платени од македонскиот народ. Но, животот е тркалото, тој што…
ТЕМA: „КОНТИНУИРАНОТО ПОНИЖУВАЊЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ И КАКО ТОА ДА ПРЕСТАНЕ“!? УЧЕСНИЦИ: ЗОРАН ЈОВАНЧЕВ, ПРЕТСЕДАВАЧ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА ТОМЧЕ ШИРОВ, ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАВАЧ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА Во живо на нашиот јутуб канал.
Колумна: Томче Ширков, член на Претседателството на Родина Македонија Реченицата или секвенцата " Ќе ја изгубиме државата" е многу употребувана и злоупотребувана во поновата историја на Македонија. Но од кога хунтата стана власт и од кога Република Македонија стана "Нашата земја" енормно зачести употребата на таа реченица! Со цел, никој да не ве лаже, но и да кажеме и направиме нешто добро, ќе ја елаборираме истата таа реченица: 1) Многу погрешно дури погубно за нас, е фактот што некои луѓе, групи и функции ја поистоветуваат државата со : татковината, идентитетот, битот, културата, народот, традицијата. Ако сакате државата ја поистоветуваат со Родината!Значи да се разбереме, државата ја изгубивме многу одамна…Државата "Народна република Македонија" подоцна наречена СР Македонија ја изгубивме 1991. Тогаш ја изгубивме вистинската македонска држава.Кога ја добивме Република…
-Или, како се калеше глупоста- Колумна: Коста Јовчевски - Корчагин, Претседавач на Советот за Родина и член на Претседателството „Фашизмот е најреакционерна политичка идеја и форма на современата епоха со авторитарни, репресивни, антидемократски и со дискриминаторни идеи, со култ на силата и на насилството“(Кирил Темков) Деновиве, самопрогласените сопственици на светот,институционализирани во конгломератот – Европска Унија, имаа неформална средба во Толедо, Шпанија. Темата на неформалниот состанок на дипломатите била изнаоѓање на одржлив предлог за постигнување на праведен мир во Украина, а како гласноговорник кој ги соопшти нивните заклучоци постигнати таму, се јави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел. Тоа е истиот оној кој, неколкупати досега, успеа да не насмее по прашањето за Македонија, а посебно по прашањето за војната во Украина. Што расправале и…
НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА НА ДУИ Е ОДЛИКА НА МЕНТАЛИТЕТ НА ТЕРОРИСТИ! „Северната“ дивоградба тоне сѐ подлабоко во депонијата на умрените западни колонии. Повторно се протерани руски дипломати, овој пат и свештено лице! Во услови кога западните амбасадори грубо се мешаат во сите внатрешни работи на Македонија, па дури се вклучени и во криминални проекти како оној на Бехтел и Енка, Министерството за тероризам брка сѐ што не е на линијата на криминал, корупција и исламизација на Македонија. Овие терористи од ДУИ дури се дрзнаа да избркаат свештено лице, грубо мешајќи се во црковниот живот на православната црква и македонскиот православен народ, додека низ Македонија крстарат црни пари од нивните фондови. Не зачудува молкот на политичките партии, интелектуалците, но и црковните лица за оваквиот варварски чин. Праќаме јасна порака до…
На 16 септември македонското воздухоплоство одбележува 100 години.И повторно срам, голем срам и понижување на македонскиот народ! Грчки авиони ќе го одбележат овој празник на македонското небо! Родина Македонија прашува, дали ќе носат напалм бомби, да нѐ потсетат на 1948?Но сега напалмот е пософистициран, се нарекува политички притисок, европско знаменце, шарени револуции, терористи во власт, насилна промена на име, знаме, јазик, Бугари во Устав, територијална поделба, рамковни договори, итн. Може да ја прашаме и американската амбасадорка, дали има некој нов американски авион за таква намена, како во не така далечната 1948, кога САД на грчката авијација ѝ ги испорачува модернизираните авион „Хелдивер“ кои ги бомбардираа македонските села и градови? За овој срам и понижување на Република Македонија и македонскиот народ еден ден ќе се одговара пред народниот суд!…
Не случајно промената на личните документи се прави во предизборието! На СДС, но пред се на западните инжинери за изборен инжинеринг, добро им е познат односот на Македонците кон западното колонијално име „Северна“. Да ја потсетиме оваа колонијална управа дека непочитување на Референдумот од 30 Септември 2018 година, кој инаку е составен дел од договорот, како и ставање во процедура на договор кој не е потпишан од овластено лице Претседател на држава, а таков е Преспанскиот, преставува кривично дело, за кое еден ден сигурно ќе се одговара. Интересно е што обврските кои ги превземала колонијалната управа на Северна од тој ништовен договор, вели дека во рок од 5 години од почеток на преговорите со ЕУ треба да се променат личните документи. А ние не ги започнавме тие преговори,…
ТЕМA: „ДЕЦАТА ОД СОЦИЈАЛНО РАНЛИВАТА КАТЕГОРИЈА“ МАРТИН БУРОВСКИ, ПОРАНЕШЕН ШТИТЕНИК ЗА ДЕЦА ОД ДОМ ЗОРАН ЈОВАНЧЕВ, ПРЕТСЕДАВАЧ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА Во живо на нашиот јутуб канал. https://youtube.com/live/brmuezimjl0?feature=share https://youtube.com/live/brmuezimjl0?feature=share
Помошта во лекови и разни средства за хигиена која ја собраа членовите на Родина Македонија пристигна до православното сестринство во Горловка, Доњецк, кое се грижи за болните и ранетите. Членовите на Родина Македонија искажуваат голема благодарност до Андреј Родионов од меѓународното движење „РУСОВ“ и Александар Кравченко од козачкото движење, кои помогнаа истата да пристигне на посакуваното место. Родина Македонија и во иднина ќе организира овакви хуманитарни акции за нашиот братски руски народ. Се надеваме дека во тие активности ќе се вклучи поголем дел од македонскиот народ. Во тешко се познаваат пријателите! Придружете се на телеграм каналот на Родина Македонија Телеграм Родина Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет! Пополнете пристапница