РОДИНА МАКЕДОНИЈА ГО ОТФРЛА ПОЛИТИЧКИОТ ПРИТИСОК И НЕОСНОВАНАТА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА НА НЕЛЕГИТИМНАТА ХУНТА ВО ЗАМИНУВАЊЕ
Родина Македонија не ја признава нелегитимната и со никакви факти поддржана вонредна состојба со која, исто така нелегитимната и однадвор поставена марионетска Хунта, воведува терор и тоталитарна диктатура во Македонија! Го известуваме Македонскиот Народ дека својствено за нелегитимни окупатори во очаен обид за политички притисок кон единствената изворна и неинсталирана Македонска политичка сила на отпорот против глобалофашистите и нивните домашни слуги, повеќе луѓе меѓу кои и двајца членови на Претседателството на Родина Македонија се повикани на разговор во полиција. Причина? Нивното учество во мирниот собир во неделата против насилните вакцинации, 5Г и други нелегални и со народот неконсултирани дејанија на коалицијата сдс/дпне. И порачуваме на предавничката нелегитимна Хунта и на тивките одработувачи од квази-опозицијата, Родина Македонија се бори не само за национално и економско ослободување на Македонскиот Народ…