Биографија – Никола Чоневски

Роден 03.04.1980 во Скопје. Основно училиште завршив во „Петар Здравковски - Пенко", средно економско училиште во „Арсени Јовков". Школувањето го продолжив на Шумарскиот Факултет на УКИМ каде се стекнав со титула дипломиран инженер за озеленување на животната средина. Работам како самостоен проектант за изработка на долгорочни планови за стопанисување со шуми  во ЈП “Македонски шуми”. Одамна сфатив дека е потребно да се биде и општествено активен за да се придонесе за подобар живот на сите, вклучувајќи го и моето семејство. После многу години општествен ангажман во разни здруженија и движења, се приклучив и на политичка партија, откако сфатив дека за жал, тоа е единствениот начин кој може да вроди со плод  во правниот систем на Република Македонија (да се постигнат целите за кои се борев преку останати форми…

ПрочитајБиографија – Никола Чоневски

Биографија – Томче Ширков

Потекнувам од комитско семејство од таткова страна и партизанско од мајчина страна. Роден сум во Скопје, Македонија, Југославија. Основно училиште завршив во „Цветан Димов" како првенец на генерација, средно медицинско училиште во МУЦ „Др Панче Караѓозов" како првенец на отсек. Школувањето го продолжив на Фармацевтски Факултет на УКИМ каде се стекнав со титула магистер по фармација и на постдипломски студии на Економски Факултет на УКИМ каде завршив магистериум по фармакоекономија. Паралелно студирав и на факултет за Болгаристика и Балканистика на Софијски Универзитет „Св. Климент Охридски“ каде ги завршив сите степени до магистериум, но не го полагав и завршниот испит. Одамна сфатив дека е потребно да се биде и општествено активен за да се придонесе за подобар живот на сите, вклучувајќи го и моето семејство. После многу години општествен…

ПрочитајБиографија – Томче Ширков

Биографија – Зоран Јованчев

Роден сум во Скопје, 1972 година. Моето образование го започнав во основното училиште „Јосип Броз Тито“, денешно „Димо Хаџи Димов“ во нас. Влае, Скопје, средно во електротехничкиот училишен центар „Михајло Пупин“ каде се стекнав со диплома електро-техничар, 6-ти степен на Машинскиот факултет на УКИМ, каде се стекнав со диплома машински инженер. По завршување на студиите се вработив во НИП „ Нова Македонија“ како информатичар. Бев дел од комисијата за компјутеризацијата на редакцијата „Нова Македонија“. Во НИП „Нова Македонија“ завршив како уредник на интернет изданието „Нова Македонија“.20 години работен стаж во приватна фирма, како менаџер за продажба. 1991 година бев последната генерација македонски регрути на ЈНА во Словенија каде ја почувствував на своја кожа безидејноста на македонската општествено политичка каста. Тоа беше моето прво животно школо каде непознавање на…

ПрочитајБиографија – Зоран Јованчев