СТРАТЕШКОТО ПАРТНЕРСТВО НА МАКЕДОНЦИТЕ СО ГЕРМАНИЈА И СВИТКАНАТА КИЧМА!?
На 10-тиот Берлински самит, организиран под покровителство на германскиот канцелар, премиерот Мицковски и министерот за надворешни работи Муцунски ќе ја истакнат важноста на стратешкото партнерство на нивната земја со Герамнија. По тој повод би сакале да дадеме свој придонес во освежување на меморијата на Македонците од резултатите на таквото партнерство на Балканот. 16 Март 2009 година,амбасадорката Кноц, за време на одржувањето на симулациска игра „Создаваме нова Европа“ во Педагошкиот факултет во Скопје во која учестуваа студенти од повеќе балкански земји, ја пренесе визијата за Македонија во 2020 година на младите луѓе кои учествувале во проектот.„Во 2020 ќе бидете членка на ЕУ. Ќе имате ново име- ’Северна Македонија’. Владата ќе биде составена од партија со име ’Нова мекедонска партија’, во која членови се Албанци и Македонци. Албанското население ќе…