РОДИНА МАКЕДОНИЈА НА ЧЕСТВУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКОТО ВОСТАНИЕ ВО КРЕСНА, ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА

Денес ја одбележуваме 145та годишнина од кревањето на МАКЕДОНСКОТО ВОСТАНИЕ во месноста Кресна, Пиринска Македонија.Еден од најсветлите денови во македонската ослободителна борба и врв на стремежот за независна, самостојна Македонија на Македонците. Востанието било организирано и благословено од Митрополит Натанаил Охридски (Кучевишки), а предводено од даскалот и војвода Димитар Поп-Георгиев Беровски и Војводата Дедо Иљо Марков-Малешевски. Командант на здружените востанички чети бил избран капидан (капетан) Стојан Карастоилов. Востанието имало и меѓународна подршка од словенските земји, најмногу од руските (козачки) одреди предводени од атаманот Адам Калмиков и полскиот бригадир Луј Војткиевиќ. Значителна помош стигнала и од тукушто ослободеното бугарско кнежество, но подоцна дошло до големо несогласување со бугарските сили; Откако се увидело дека тие го негираат македонскиот карактер на востанието и основната идеја на востанието- НЕЗАВИСНА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА.Востанието постигнало значителен…

ПрочитајРОДИНА МАКЕДОНИЈА НА ЧЕСТВУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКОТО ВОСТАНИЕ ВО КРЕСНА, ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА

ПРОМЕНА НА ЛИЧНИТЕ ДОКУМЕНТИ КАКО ИЗБОРНА АЛАТКА!

Не случајно промената на личните документи се прави во предизборието! На СДС, но пред се на западните инжинери за изборен инжинеринг, добро им е познат односот на Македонците кон западното колонијално име „Северна“. Да ја потсетиме оваа колонијална управа дека непочитување на Референдумот од 30 Септември 2018 година, кој инаку е составен дел од договорот, како и ставање во процедура на договор кој не е потпишан од овластено лице Претседател на држава, а таков е Преспанскиот, преставува кривично дело, за кое еден ден сигурно ќе се одговара. Интересно е што обврските кои ги превземала колонијалната управа на Северна од тој ништовен договор, вели дека во рок од 5 години од почеток на преговорите со ЕУ треба да се променат личните документи. А ние не ги започнавме тие преговори,…

ПрочитајПРОМЕНА НА ЛИЧНИТЕ ДОКУМЕНТИ КАКО ИЗБОРНА АЛАТКА!

ПОМОШTA ОД ЧЛЕНОВИ НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА ПРИСТИГНА ДО ЖИТЕЛИТЕ НА ДОЊЕЦК

Помошта во лекови и разни средства за хигиена која ја собраа членовите на Родина Македонија пристигна до православното сестринство во Горловка, Доњецк, кое се грижи за болните и ранетите. Членовите на Родина Македонија искажуваат голема благодарност до Андреј Родионов од меѓународното движење „РУСОВ“ и Александар Кравченко од козачкото движење, кои помогнаа истата да пристигне на посакуваното место. Родина Македонија и во иднина ќе организира овакви хуманитарни акции за нашиот братски руски народ. Се надеваме дека во тие активности ќе се вклучи поголем дел од македонскиот народ. Во тешко се познаваат пријателите! Придружете се на телеграм каналот на Родина Македонија Телеграм Родина Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет! Пополнете пристапница

ПрочитајПОМОШTA ОД ЧЛЕНОВИ НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА ПРИСТИГНА ДО ЖИТЕЛИТЕ НА ДОЊЕЦК

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

По повод последните случувања околу недоразбирањата со генералниот секретар на Родина Македонија, Владимир Трајковски, на нашите членови, симпатизери и сите поддржувачи на нашата идеологија и кауза им соопштуваме: Во Родина Македонија се практикува став дека секој има право на свое мислење и постапки сѐ додека тоа не се коси со доктрината, идеологијата и каузата на партијата и не предизвикува штета за неа и државата. Статутот на Родина Македонија е камен темелник и бедем кој ја заштити од претходни напади и кој истото ќе го прави и во иднина. Заедничките ставови на партијата ги донесува мнозинство од членовите на претседателството, а не еден човек. Владимир Трајковски е член на Советот на Родина во кој членуваат иницијаторите на самата идеја и создавање на партијата. Од првото основачко собрание е и…

ПрочитајСООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Поддршка на Сенародниот собир

Родина Македонија искажува целосна поддршка на Сенародниот собир ПРОТИВ Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција, организиран од Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква - Охридска Архепископија. Како организација која е произлезена од родот наш македонски, секогаш ќе бидеме на браникот на македонскиот начин на живеење, кој е богатство од духовност, култура, традиција, меѓуетничка толеранција, почитување и пред се живеење по законите на Бога и праведноста. Првиот принцип од тој закон е: #ИмамеДолжност да ги заштитиме децата!

ПрочитајПоддршка на Сенародниот собир

ПОВИК

Почитувани браќа и сестри, членови и поддржувачи на РОДИНА МАКЕДОНИЈА, Македонци и Македонки по род, државјанство и самоопределба, сите свесни луѓе, ве повикуваме на МИРЕН ПРОТЕСТ НА 29 ЈУНИ 2023 ГОД. ВО 18 ЧАСОТ ПРЕД СОБОРНИОТ ХРАМ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ" Да ја поддржиме нашата црква МПЦ - ОА во нејзините залагања за заштита на децата; Да искажеме револт и незадоволство од хунтата на власт, прикриената диктатура и нивните глобало-декадентски закони и практики, ништењето на нашите род, народ, култура и традиции. Да излеземе во што поголем број и силно да покажеме дека нема да им помине културолошкиот геноцид и етноцид. Македонија на Македонците! Придружете се на телеграм каналот на Родина Македонија https://t.me/rodina_makedonija Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет! Пристапница

ПрочитајПОВИК

II СОБРАНИЕ НА ПОЛИТИЧКАТА ПАРТИЈА РОДИНА МАКЕДОНИЈА

Ја известуваме јавноста дека на ден 20.05.2023 година, во седиштето на Родина Македонија, во центарот на градот Скопје, се одржа второто Собрание на политичката партија Родина Македонија. На седницата зедоа учество делегати од општинските одбори, претседавачи на комисии, членови на претседателството, членови на Советот на иницијатори, како и членови во својство на гости. Претседавачот на претседателството на Родина Македонија Зоран Јованчев, имаше воведно излагање за досегашното работење на политичката партија Родина Македонија. Во неговиот извештај беше опфатен периодот од самите почетоци, кога формирањето на Родина Македонија се најави како инцијатива на 13 јануари 2019 г., ден Василица, потоа предизвиците со пандемијата, судските рочишта, учеството на локалните избори, активностите на терен, прогонот на нашите активисти, итн. Кога ќе се собере сѐ заедно, Родина Македонија прерасна во препознатлив субјект кој…

ПрочитајII СОБРАНИЕ НА ПОЛИТИЧКАТА ПАРТИЈА РОДИНА МАКЕДОНИЈА

Родина Македонија по повод 9 мај – Ден на победата над фашизмот, оддаде почит и положи цвеќе пред споменикот „Денот на победата“.

Пред 78 години, благодарение на Црвената армија и НОБ на јужно словенските народи, Македонецот конечно го реализираше идеалот за сопствена држава на 49% од неговата етничката територија. Денес, таа победа, на перфиден начин ни се одзема дел по дел.Се повампирија повторно истите сили како од времето на хитлерова германија. Ние тоа нема да го дозволиме!Верни на идеалите на нашите претци, кои со своите животи во милениуми генерации се вградуваа во идеалот за слободна суверена Македонија, ние ќе продолжиме по истиот пат. Слава им!

ПрочитајРодина Македонија по повод 9 мај – Ден на победата над фашизмот, оддаде почит и положи цвеќе пред споменикот „Денот на победата“.

СОЧУВСТВО ДО СРПСКИОТ НАРОД ЗА ЖРТВИТЕ ВО УЧИЛИШТЕТО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“

Со голема тага ја примивме страшната вест за убиствата во училиштето „Владислав Рибникар“.Од нашата организација и македонскиот народ ви испраќаме молитви за мир на душите, сочувство до семејствата и до целиот братски српски народ.На повредените им посакуваме успешно опоравување. Бидете силни и единствени во овие тешки моменти!Како припадници на истиот славјански род, време е да ги поставиме нашите општества на вредностите кои ги красеа нашите народи.

ПрочитајСОЧУВСТВО ДО СРПСКИОТ НАРОД ЗА ЖРТВИТЕ ВО УЧИЛИШТЕТО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“

МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА КОСМОНАУТИКАТА

На покана на Амбасадата на Руската Федерација, а по повод Меѓународниот ден на космонаутиката, делегација на Родина Македонија положи свежо цвеќе на споменикот на Јуриј Гагарин. На 12 април 1961 година, Јуриј Гагарин советски космонаут направил успешен лет во вселената, прв во светската историја. Полетувајќи од космодромот Бајконур, неговото вселенско летало Восток-1 направило една обиколка околу Земјата и успешно слетало во регионот Саратов. Летот траел 108 минути, а два дена подоцна народот во Москва го пречекал со радост новиот херој, вселенскиот пионер. Историчарот Александар Железњаков ќе каже: „Гагарин го трансформираше човештвото од едноставен биолошки вид во вид кој може да го замисли целиот универзум надвор од Земјата.“ Во 2011 година овој ден, 12 април се прогласи за Меѓународен ден на космонаутиката од страна на Генералното собрание на ОН…

ПрочитајМЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА КОСМОНАУТИКАТА