ДЕЛЕГАЦИЈА НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА СЕ ПОКЛОНИ И ПОЛОЖИ ЦВЕЌЕ ПО ПОВОД 117-ГОДИШНИНАТА ОД СМРТТА НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
По повод 117-годишнината од смртта на нашиот македонски идеолог, учител, револуционер и водач на македонското револуционерно движење, делегација на Родина Македонија положи свежо цвеќе и се поклони пред гробот на Гоце Делчев, во црквата Свети Спас, Скопје, Македонија. Обврска е на оваа генерација Македонци, веднаш и сега да ја вратат Република Македонија во полн сјај и идеал на сите наши претци вградени во нејзините темели. Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа, отколку во Македонија?