Биографија – Маријан Гацевски
Како и секој обичен и просечен Македонец, роден на ова парче земја, под ова парче небо, сум се борел и сеуште се борам за сопствен мој личен опстанок, а од пред неколку декади и за опстанок на моето потесно семејство. Татко на две деца, ќерка и син и среќно оженет. Роден во Радовиш С. Р. Македонија, во 1979 г. во просечно Македонско семејство, растен и воспитуван во исклучително домаќински Македонски и Христијански дух, во кое што семејство лажењето, лицемерието и нечесноста биле целосно отфрлени и разобличени, а се негувале единствено вредностите на искреност, чесност и домаќинлук. Додека, воспитувањето за заработка била и е, исклучително со труд и пот. Средно образование завршувам во родното место во државното средно училиште ,,Коста Сусинов” на Природно-математичката насока, во 1998 г. со…