БАДНИКОВО ГРАНЧЕ -ИСКЛУЧИВО СРПСКИ ОБИЧАЈ???
КОЛУМНА: TOMЧЕ ШИРКОВ, ЧЛЕН НА ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА Сѐ почесто свештеници од МПЦ излегуват со „радикални препораки" од типот: „Палењето оган е чисто пагански обичај“ или „бадниковото гранче е чисто пагански обичај“. Според мене, но и според Декалогот и Евангелието, станува збор за гледиште, перспектива. Општо земено, „палењето оган" е универзален, меѓународен обичај, пагански и христијански и муслимански… Сечиј и општочовечки обичај, а многу тесногледо и исклучително размислување. Но, свештениците, т.е. некои од апологетите на „нашата црква" или подобро да речам претставниците на црквата од „нашата земја", отидоа чекор понатаму. Имено годинава тие тврдат дека дабовото (бадниково) гранче не е наш, туку чисто српски обичај и како таков треба да се исфрли како пагански??? Дали? Според моето скромно мислење Србите не се пагански народ и нивните обичаи…