ВИ БЛАГОДАРИМЕ НА ДОВЕРБАТА!

РОДИНА МАКЕДОНИЈА на овие локални избори за прв пат се претстави со свои кандидати за градоначалници на градот Скопје, општините Центар, Берово, како и советите на град Скопје, скопските општини, Македонски Брод, Конче.Благодариме на 4000-те Македонци кои ја препознаа Родина Македонија како своја опција.Ќе продолжиме и понатаму за нашата света идеја, Суверена Република Македонија најубавото место за живеење на македонскиот народ, место каде се живее по македонски.

ПрочитајВИ БЛАГОДАРИМЕ НА ДОВЕРБАТА!

ДАЛИ НЕИЗГРАДЕНИОТ КАРГО АЕРОДРОМ ОД ШТИП ГИ АСФАЛТИРАШЕ СКОПСКИТЕ УЛИЦИ?

Со Договорот за концесија од 2010 година, ТАВ се обврза на инвестиција од 200 милиони евра во модернизација и изградба на Скопскиот аеродром „Александар Велики“ и на Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“.Предвидена беше и изградба на карго аеродром во Штип, а раководството на ТАВ најави дека таа треба да почне по 10 години откако ќе биде изготвена метеоролошка студија.Во 2020, поминува рокот од 10 години, како обврска за изградба на аеродромот во Штип!Родина Македонија дојде до информации за префрлени средства од страна на ТАВ, како компензација за НЕИЗГРАДЕНИОТ АЕРОДРОМ ВО ШТИП, инаку обврска од Договорот за концесија.Дали овие пари се злоупотребени токму во предизборнава кампања на СДС за масовно асфалтирање на улиците во Скопје и ширум Република Македонија?Дали уште еднаш на виделина излезе партизираната држава, овој пат од…

ПрочитајДАЛИ НЕИЗГРАДЕНИОТ КАРГО АЕРОДРОМ ОД ШТИП ГИ АСФАЛТИРАШЕ СКОПСКИТЕ УЛИЦИ?

ЈАВНО ОБРАЌАЊЕ ДО ДИК (Државна Изборна Комисија) НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

После неуспешните обиди преку официјалните електронска пошта и телефонски броеви да добиеме информација колкави средства и припаѓаат на Родина Македонија за изборната кампања, Родина Македонија и јавно го прозива ДИК, два дена пред почеток на изборната кампања.Господа од ДИК, колкави средства и припаѓаат на Родина Македонија и на уште 110 други субјекти кои не се во Собранието, за изборна кампања?Би сакале да ја информираме јавноста и за донесените измени 1 минута до 12 од страна на ДИК, каде трошките 10%-те од вкупните средства наменети за изборна кампања на вонпрламентарни партии, 7% се префрлија на партии кои се во Собранието а немаат собраниски групи, а само 3% останаа за над 110 субјекти учесници во локалните избори.Позицијата и опозицијата земаат 90% од средствата за изборна камапња!Нам сосема ни се јасни…

ПрочитајЈАВНО ОБРАЌАЊЕ ДО ДИК (Државна Изборна Комисија) НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

РОДИНА МАКЕДОНИЈА, ЈАВЕН ПОВИК

КОАЛИЦИЈА СО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, ВИСТИНСКИТЕ НАРОДНИ ДВИЖЕЊА, до Македонците по род и државјанство.Креирање на НАРОДНИ ЛИСТИ И КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ И СОВЕТНИЦИ на општините во Република Македонија.ДА ГИ ВРАТИМЕ ОПШТИНИТЕ ВО СЛУЖБА НА НАРОДОТ И КАКО ДЕЛ ОД РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!Катастрофалната, самоуништувачка 30 годишна досегашна политичка агенда на најголемите политички партии се причина за тоталниот распад на државата Македонија, е најголемиот поттик за една оваква взаемна коалиција.Само македонскиот народ, кој е суверенот на нашата држава може и има право да одлучи кој ќе го преставува во институциите на системот.Водени од парадигмата дека секој од нас најдобро знае кој во неговата средина би можел да биде негов репрезент, упатуваме повик за предлози за кандидати за градоначалници и советници.Основната идеолошка матрица на РОДИНА МАКЕДОНИЈА е родољубието, честа, моралот, знаењето и професионализмот…

ПрочитајРОДИНА МАКЕДОНИЈА, ЈАВЕН ПОВИК

РОДИНА МАКЕДОНИЈА ПО ПОВОД „ДЕНОТ НА РУСИЈА“ УПАТУВА СРЕДЕЧНИ ЧЕСТИТКИ ДО РУСИЈА И РУСКИОТ НАРОД!

По повод националниот празник на Руската федерација, Денот на Русија, на братски руски народ испраќаме средечни честитки во име на членовите на Родина Македонија. Нашите определби се односите меѓу Македонија и Русија во иднина да бидат на ниво на братски народи и држави, природни сојузници во зачувување на заедничките вредности на православната цивилизација, култура и кирилска писменост, семејство, традиција.

ПрочитајРОДИНА МАКЕДОНИЈА ПО ПОВОД „ДЕНОТ НА РУСИЈА“ УПАТУВА СРЕДЕЧНИ ЧЕСТИТКИ ДО РУСИЈА И РУСКИОТ НАРОД!

Родина Македонија дава целосна поддршка на утрешниот протест на родителите против погубната политика на министерството за образование

Згрозени сме од упорноста на министерката Цароска да ги истурка најавените ,,Реформи" во образованието со кои директно се атакува здравиот раст и развој и интегритетот на децата кои се нашата иднина. Не можеме, а да не реагираме на искажаната дрскост кога претставниците на родители кои во огромен број се спротивставуваат на целосна дигитализација во училиштата не беа примени и сослушани од оној најповиканиот – одговорниот министер на платен чек на Буџетот, оној кој е платен од истите тие родители.Го оссудуваме начинот на носење на овие т.н. „реформи“ – без пилот програми, без мерење на резултати, без јавни консултации, дебати, без состаноци со родители, психолози, социолози.Како политичка партија, но пред сѐ како родители, сме загрижени и од фактот што Цароска агресивно и по секоја цена вметнува т.н. родово-сензитивно образование,…

ПрочитајРодина Македонија дава целосна поддршка на утрешниот протест на родителите против погубната политика на министерството за образование

РЕАКЦИЈА И ОДГОВОР НА НАМЕТНАТИТЕ ДИЛЕМИ

Почитувани браќа и сестри Македонци и сите добри и чесни луѓе:Родина Македонија даде поддршка на семакедонскиот протест закажан за 25.04.2021г. против хунтата, а за поддршка на браќата уставобранители, неправедно осудени и стигматизирани како терористи. Поддршката беше јавно искажана, а повикот за мобилизација на членството и симпатизерите, но и што поголема присутност беше објавена на 04.04.2021год. непосредно по пријавувањето на протестот од страна на Светскиот Македонски Конгрес.Со цел да се избегнат сите инсинуации, тенденции и лукаво-политикантски спинови,Родина Македонија сака јавно да ги потврди следниве ноторни факти:Протестот е во организација на “Македонците од светот” - повеќе здруженија и организации сплотени во координативна мрежа (не го употребувајте туѓиот збор дијаспора), кој во Р.Македонија е пријавен и покренат од СМК.Родина Македонија даде безрезервна поддршка на настанот веднаш по директното обраќање до нас…

ПрочитајРЕАКЦИЈА И ОДГОВОР НА НАМЕТНАТИТЕ ДИЛЕМИ

ПОДДРШКА ЗА УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ!

Родина Македонија смета дека Р.Македонија е владеена од тоталитарна и деструктивна хунта која што уништува се македонско. Нејзиното владеење започна со фрлањето во зандана на нашите браќа уставобранители, кои го бранеа уставниот поредок на Република Македонија.На 27.04.2017 година започна погибелта на Македонија и Македонците со фингираниот случај “жртви на тероризам”. Истиот фингиран и крајно перфиден настан беше искористен за правење пуч врз легитимната власт, настан кој е финале на хибридната војна водена од надвор. Во тој подмолен чин хунтата осуди луѓе само затоа што пееле песни во “Народното собрание на Р.Македонија”, додека во истиот ден НЕУСТАВНО, надвор од СОБРАНИСКА СЕДНИЦА, БЕЗ ПОТРЕБНО МНОЗИНСТВО избра Претседател на Собрание.Осуди родољуби и честити луѓе на 20 години затвор за две шлаканици или скубење за коса. Вистинските терористи тогаш го започнаа својот…

ПрочитајПОДДРШКА ЗА УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ!

ЕДНА ГОДИНА ОД РЕГИСТРАЦИЈА НА ПОЛИТИЧКАТА ПАРТИЈА РОДИНА МАКЕДОНИЈА!

Се кренавме на нашите изворни вредности: РОДот, семејството, поРОДот, наРОДот, приРОДата, РОДината. Ја вградивме традицијата, духовноста и моралот во нашето организирање, идеологија, програма.Веруваме во способноста и волјата на македонскиот народ да ги земе работите во свои раце, за да ја врати државата на изворните принципи и вредности на македонскиот народ.Лидери од многу здруженија, движења ја препознаа токму Родина како движечка сила на Родот наш македонски. Се обединивме за да ги заштитиме и индивидуалните и колективните права на македонската нација, кои сѐ повеќе се загрозени од франкештајн креатурата „Северна“.Годината беше исполнета со удари од системот, од внатре, кривични пријави и притисоци кон наши членови, целосно игнорирање на медиумите на сите наши објави.Година во која и Статутот профункционира при првиот обид да се измени колективниот начин на одлучување, кој е…

ПрочитајЕДНА ГОДИНА ОД РЕГИСТРАЦИЈА НА ПОЛИТИЧКАТА ПАРТИЈА РОДИНА МАКЕДОНИЈА!