СЕРИОЗНИ ФУНДАМЕНТАЛНИ ПРОМЕНИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО, МОЖАТ ДА НАПРАВАТ САМО ВИСТИНСКИ ФУНДАМЕНТАЛИСТИ
Со брзина на светлинатa делуваат нашите надредени, кои си воспоставија апартхејд како своја мерка и тоа во XXI век, во сите сегменти на државниот, општествен и бизнис сектор и тоа воглавно по буџетска тендер систематизација, т.е. злоупотреба на народните пари. Според последните информации, откако цензусоидниот претседател Пендаровски ја даде изјавата насочена кон Владата: „10 години не е ништо направено во образованието, за жал, не гледам ниту дека има план, затоа имаме 95% функционално неписмени“, намесничко-марионетската Влада, со брзина на светлината на 5 октомври 2022 год, објави информација за веќе формиран Совет за унапредување на образованието и науката!? Наводно, предлогот е на Министерството за образование и наука, а Владата на 4 октомври 2022 год. ја усвоила информацијата за потребата од формирање на Советот. Секако, повеќе од индикативно е дека станува…