РОДИНА МАКЕДОНИЈА ЈА ОСУДУВА ПОЛИЦИСКАТА БУРТАЛНОСТ ВРЗ ГОЛОРАКИОТ МАКЕДОНСКИ НАРОД!
РОДИНА МАКЕДОНИЈА најостро ја осудува примената на прекумерна сила, но и репресивни методи против својот народ, посебно против жени, деца, и пензионери кои најмногу страдаа во стампедото предизвикано од специјалните борбени единици на северна! И за жал, ова не е прв ваков брутален начин на изживување врз недолжни цивили и мајки со деца (под 10год) кои дошле да го изразат своето незадоволство од 30 годишното негирање и преговарање со негаторот. РОДИНА МАКЕДОНИЈА најодговорно ви тврди (видено од првите редови) дека немаше никакво: „Палење на полицајци", „Вооружени вандали" и „Загрозување на животот "! Но, затоа имаше грубо легитимирање со тегнење и влечење, легнување на земја и газење со цокули, употреба на прекумерна сила (и до 3 полицајци на еден голорак протестант) и низа други провокации на хунтата со цел…