Крај на Грабежот на Пари/Ресурси и Насочување на Спасените Средства во Македонската Економија за Општа Благостојба – Економска Програма!
Програмскa целинa – Економски Насоки - Вистинскиот Македонски Пат (Текст + Видео) За Јавна Консултација! Авангардна програма за градење глобално-конкурентна Македонска Економија - Враќање на 1.4 Милијарди украдени долари годишно во Македонската економија и во џебот на Македонецот купувач и продавач. Запирање и судење за тендерско исцицување на 680 милиони евра годишно од Македонскиот буџет. Национализација на сите стратешки важни фирми и организации, странските банки, ЕВН, телекомите, природните ресурси и канализирање на исцицаните средства назад во Македонската Економија. Отпишување на државниот долг направен од корумпираните елити на грбот на нашите деца и внуци а ставен во нивни сопствени џебови. Ревизија на приватизациите. Конфискација на се што е украдено од 1991 наваму. Итн, итн. Ниски даноци и развоен буџет за благосостојба за сите и одржлив, независен, самостоен, извозно-насочен креирање…