РЕАКЦИЈА РОДИНА МАКЕДОНИЈА ЗА ЕПИДЕМИОЛОШКИТЕ МЕРКИ НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ
Почитувана македонска јавност, Почитувани браќа и сестри, Комисијата за заразни болести на „Северна“ по којзнае кој пат се дрзнува да ги прекрши основните човекови права, а и ратификуваните меѓународни конвенции, Уставот и домашните закони преку предлог-мерките заради евентуално прогласување на епидемија на голема кашлица на територија на град Скопје. Со овие предлог-мерки како противепидемиски мерки се предлагаат вакцинација на невакцинираните деца и забрана на невакцинирани дечиња да посетуваат градинка, инсинуирајќи дека токму тие невини души ја шират заразата. Почитувани браќа и сестри, Во време на епидемија се практикува Законот за заштита на население од заразни болести. Во него како епидемиолошка мерка, помеѓу другите, е наведено затворање на објекти кои се потенцијален извор на зараза, јавни објекти како трговски центри или градинки, а не постои мерка како во предлогот…