КРИМИНАЛЕН НЕЛЕГИТИМЕН ПОПИС НЕ Е СОЛУЦИЈА!

Сѐ почести се „охрабрувањата” на неофицијални претставници на „МеЏународната” и Калето дека пописот е солуција -решение за многу проблеми.Реално, пописот претставува класична местенка за ЕТНОЦИД на македонскиот народ. Вешто подготвена стапица од нелегалната влада на северна, поткрепена од бугарски софтвер и косовски хардвер.Затоа драги наши браќа и сестри Македонци од сите религии, етникуми и општествени класи кажете му НЕ на нелегитимниот, беззаконски и криминоген попис.Не потпаѓајте на мегафоните на хунтата дека може да ве казни ако не се попишете.Дека ќе ве казни ако бојкотирате.Дека ќе ве тужи ако повикувате на Бојкот на таканаречениот попис.Не, Едноставно НИШТО НЕ ВИ МОЖАТ!НЕ ОТВАРАЈТЕ ВРАТА.Не ви треба изговор, не мора да се оправдате со короната или отсутноста од дома.Според Уставот на Република Македонија и меѓународното право: НЕПОВРЕДЛИВОСТА НА ДОМОТ Е ГАРАНТИРАНА!Исто, многу…

ПрочитајКРИМИНАЛЕН НЕЛЕГИТИМЕН ПОПИС НЕ Е СОЛУЦИЈА!

МАКЕДОНИЈА ПОТПИШАНА ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА НАВАЛНИ!

Македонија е потпишана на заедничката изјава во рамките на 46-та седница на Советот за човекови права, со која се повикува Руската Федерација за итно и безусловно ослободување на Алексеј Навални и сите лица кои незаконски и произволно се лишени од слобода.Родина Македонија смета дека овој чин претставува грубо мешање во внатрешните работи на нам блиската и братска Русија и е спротивно на македонските национални интереси и вредности.Република Македонија и македонскиот народ се лишени од правото на самоопределување, слобода и право на избор, од првиот ден на независноста, токму од ЕУ и западните сили.Родина Македонија потсетува дека токму ЕУ и западните сили, преку хибридна војна во Република Македонија инсталираа свој Навални, олицетворен во лицето на Зоран Заев.Прекршени се Уставот на Република Македонија, волјата на македонската нација искажана преку Референдумите…

ПрочитајМАКЕДОНИЈА ПОТПИШАНА ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА НАВАЛНИ!

БИДЕТЕ ДЕЛ ОД РОДИНА МАКЕДОНИЈА!

Родина Македонија после сите премрежја, продолжува со активности за формирање на локалните и задгранични ограноци, комисии, работни тела.Живееме како во времето од минатиот век, кога Македонија беше темен вилает на Отоманската империја. Каде може да убиеш дете, да прегазиш дете, да украдеш, да бидеш снимен и да бидеш премиер, вице премиер, министер, инспектор, судија, обвинител. Феудалците со своите феудални поседи ги опустошија општините, деца се помалку има, народ се помалку живее на нашата земја.Говорот и делата на омраза на политичките „елити“, слуги на туѓите западни интереси кон македонскиот народ и Македонија, ги има сите знаци на фашизам. Се забранува името Македонија и се што е македонско! Се бришат сите атрибути на Македонците и Македонија. Се следат и апсат Македонци.Овој безалтернативен евроатлански правец кој го живееме веќе 3 децении…

ПрочитајБИДЕТЕ ДЕЛ ОД РОДИНА МАКЕДОНИЈА!

СЕВЕРНАТА ЗЕМЈА НА ФЕУДАЛИЗМОТ, ГУЛАЦИТЕ И РОБОВЛАДЕТЕЛСТВОТО

Сигурно веќе ја слушнавте изјавата на т.н министер за економија, поддржана од изјавата на нелегалниот и нелегитимен премиер на т.н северна: ЌЕ СЕ ПРОДАВААТ 20-25% од вкупната обработлива површина на Р. Македонија (и тоа најатрактивните парцели)!ЗОШТО?Затоа што државата била презадолжена и нејзината економија не била ликвидна?Пардон? Па нели #БлескамевоNATO.КАКО И НА КОГО ЌЕ СЕ ПРОДАВА?Ќе се продаваат најмалку 10 хектари, а најмногу 100 хектари, затоа што земјата “и без тоа стоела необработена и никој не пројавувал интерес”. Арно ама сега конечно појавиле интерес „добростоечки бизнисмени од земјата и странство”. На продадените парцели ќе работеле локалните селани. И, според овој т.н. премиер, „тоа било развој и инвестиција во земјоделството“?Дали ова е всушност новиот израз за феудално-закрепостени селани, така ли е модерниот израз за робовладетелство? Тоа ли е #НовотоНормално?ЌЕ ЈА…

ПрочитајСЕВЕРНАТА ЗЕМЈА НА ФЕУДАЛИЗМОТ, ГУЛАЦИТЕ И РОБОВЛАДЕТЕЛСТВОТО

„СЕ ИЛИ НИШТО“, ЛУДАЧКАТА ПОЛИТИКА НА ЗОРАН ЗАЕВ И СДСеверна!

Од таканаречена Влада на човекот кој игра покерска политика со македонскиот народ на „СЕ ИЛИ НИШТО“, повторно закани, ЗАТВОР, ЗАТВОР, ЗАТВОР, КАЗНИ, ПОЛИЦИСКИ ЧАС, „ALL IN”!Наредбодавачот на Владата, инаку Губернатор со фашистички менталитет, кој не успеа со Референдумот, а сега со Пописот, е во повторен обид за бришење на македонскиот народ од државотворни народи и негово претварање во етничка заедница.Тие се сė понервозни, затоа и се закануваат со затвори, казни, полициски час, апсења.Ние сме загрижени!A каде се ураниумските демократски бомби, зарем сите ги потрошивте?Ни недостасува тој демократски ураниум!Нивните нервози, закани, за нас се мотив плус, да ги урнеме, со ум, знаење, родољубие, соборност, закон, Устав на Република Македонија, меѓународно право, од улица, од внатре, надвор, шума….Родина Македонија сака да ги потсети на вистинските кривични дела, кои и те…

Прочитај„СЕ ИЛИ НИШТО“, ЛУДАЧКАТА ПОЛИТИКА НА ЗОРАН ЗАЕВ И СДСеверна!

БЕГСТВОТО НА МИЈАЛКОВ, ХОЛИВУДСКО СЦЕНАРИО СО БАЛКАНСКИ ГЛУМЦИ!

Началниче, Премиере, ТВ водителке, Судике, Обвинителке, се е тоа дел од еден стар, подобен, но веќе умрен систем, кој мисли дека може да го преживее и 21от век..Му истече употребната вредност на Мијалков, со обезбедувањето на ⅔ за неуставна промена на името, како дел од геостратешкиот проект за влез на „Северна“ во НАТО.Слично како и со Муамер Гадафи, Садам Хусеин и Мијалков е пуштен низ вода, но, со малку театар, како што доликува за холивудско сценарио со балкански глумци.Ние како народ веќе ја живееме третата деценија од независноста на нашата држава Македонија, која западните сатрапи систематски ја уриваат.Дали некој од вас може да каже барем едно име од високата политика кое поради криминал лежи затвор?Тенковските делови на Бучковски?Приватизацијата на Таки Фити?Пругата со Бугарија на Тито Петковски?Едните за другите…

ПрочитајБЕГСТВОТО НА МИЈАЛКОВ, ХОЛИВУДСКО СЦЕНАРИО СО БАЛКАНСКИ ГЛУМЦИ!

ДОНИРАЈ ЗА РОДИНА МАКЕДОНИЈА

Не потклекнавме, не припаднавме никому. Сами, без должничко - доверителски односи, создадовме организација, со најдоброто од нас, за родот наш македонски и за Македонија. Се издигнавме на темелите на милениумската македонска култура, традиција, вредности. Веруваме во подобра иднина за нашиот народ и земја!  Го гледаме новиот повеќе-поларен надоаѓачки свет, постзападен и храбро го најавуваме новото време. Ќе го вратиме Суверенот во центарот на одлучувањето. Организации кои за возврат бараат повеќе отколку што даваат, нема да бидат на нашиот радар.  Јасно и недвосмислено ја почитуваме волјата на македонскиот народ, со референдумите од 8 септември 1991 и 30 септември 2018 година. НЕ за НАТО, НЕ за ЕУ, Враќање на Македонија.  Така почнавме, така ќе продолжиме и понатаму со вечниот идеал, Македонија на Македонците и верни само на својот народ! Секоја…

ПрочитајДОНИРАЈ ЗА РОДИНА МАКЕДОНИЈА

СТОП ЗА УРИВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА!

Почитувани Македонци (по род, државјанство и самоопределување), Сакаме јавно да предупредиме на разорните и погубни политики кои ќе бидат спроведени од страна на нелегалната и нелегитимна власт на т.н. северна, по кој знае кој пат. Политики кои ќе доведат до изедначување на македонскиот народ со некакви си "етнички заедници" и целосно (само)уништување на македонската нација. Сето ова ДОЛГОРОЧНО ќе доведе до ЕТНОЦИД на Македонците и исчезнување на Македонија. Овој процес на етноцид е овозможен од постојаните кавги и расправии во опозицијата. Кога тоа беше на ниво - непарламентарна опозиција можеше некако и да се толерира. Но, сега кога влогот е подигнат многу високо и кога "завојуваа" парламентарните опозициони партии ДПМНЕ и Левица, работите стануваат алармантни! Родина Македонија апелира до овие партии под итно да ги закопаат "воените секири"…

ПрочитајСТОП ЗА УРИВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА!

ПОВИК ЗА АЖУРИРАЊЕ НА ЧЛЕНСТВО!

После внатрешните случувања во нашата партија, кои завршија со судските одлуки, каде јасно и недвомислено се укажа кој работи по Сатутот на Родина, а кој не, чесно е да повикаме на ажурирање на членството и започнување на процес на брзо консолидирање со членови кои го прифатиле нашиот начин на работа, „по Статут“ на Родина Македонија. Тоа можете да го направите преку електронската пристапница  http://rodina.org.mk/%d0%bf%d1%80%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%bf%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b0/ Преку пополнување на пристапница во ПДФ формат (Се доставува по пошта или лично) Или со посета на нашата канцеларија, нашиот тим, на адреса Никола Парапунов 3а-52 (високите кули кај мостот Обединети нации). Гугл локација https://goo.gl/maps/5qrtXo85pZC1v1XV6. Секој член ќе добие нумерирана членска карта, со која го потврдува членството во нашата организација. Родина Македонија

ПрочитајПОВИК ЗА АЖУРИРАЊЕ НА ЧЛЕНСТВО!

ГОВОР НА ОМРАЗА КОН ЦЕЛ ЕДЕН НАРОД, МАКЕДОНСКИОТ И КОН ДРЕВНАТА НЕГОВА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА ОД СТРАНА НА ЗАПАДНИТЕ КВИНСЛИНЗИ

Во јавноста излезе документ од Министерството за (не)правда, потпишано од така наречениот Министер за (не)правда, некој си магистер, Бојан Маричиќ. Момчето е залетано, како и сите од неговата екипа, која се нарекува Влада на Северна и Влада на Нивната некоја земја, во суштина депонија на умрениот систем од минатото и овој денешниот, евроатланскиот и тој во изумирање. Ги води човек кој мисли дека Бог го црпнал од нива, а за таквите, западните агенти се богови.  Владо на Северна, устата ви е полна со говор на омраза кон Македонците и македонскиот народ, а оваквите документи се кривично дело момче Маричиќу, бидејќи омаловажуваат, навредуваат цел еден народ, го бришат фашизоидно, ја бришат неговата земја Република Македонија, спротивно на неговата волја искажана преку референдумите од 8 септември 1991 и 30 септември…

ПрочитајГОВОР НА ОМРАЗА КОН ЦЕЛ ЕДЕН НАРОД, МАКЕДОНСКИОТ И КОН ДРЕВНАТА НЕГОВА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА ОД СТРАНА НА ЗАПАДНИТЕ КВИНСЛИНЗИ