ЦРВЕНИОТ МАКЕДОНСКИ НАРОДЕН КИЛИМ, ИСТКАЕН ОД БЕЗБРОЈНИ НИТКИ ОД МАКЕДОНСКА КРВ, СОЛЗИ, ДАМАР, НАДЕЖ, БОРБА, ЖИВОТИ, НЕКОЈ САКА ДА ГО ПРЕТВОРИ ВО ИЗЛИТЕНА ЧЕРГА!?
пишува Елизабета Ч. Матевска ‘Finita la comedy‘, дали и 2000-те приговори беа само дел од целата фарса. Ни стана ли јасно дека со избори не се спасува Македонија, не со овакви избори, во кои не се цени гласот на гласачот, суверенот, туку настапува бројачот! Овие предвремени парламентарни избори се нелегитимни во целост, од пробивање на законскиот рок, организирање во тек на невидена епидемија на ковид 19, игнорирање на правото да бираш и да бидеш биран, очигледното неколку месечно поткупување на огромен број на население, потвдрените сознанија за евидентно фалсификување на записниците. Повеќе од јасно е дека изборните единици и непристојниот количник на донтовиот модел се етаблиран систем со единствена цел на владеење на големите партии, (овзможување албанскиот електорат секогаш да добива а македонскиот да губи), немање слух за…