Македонците во сопствената држава за 28 години независност имаат се помалку човекови права.
Македонецот преку својата вековната борба за слобода и сопствена држава, конечно после многу жртви и пролеана невина крв, после втората светска војна а во рамките на југословенската федерација се избори за својот вековен стремеж. Оваа борба се круниса со референдумот за независност во 1991 год. Но и покрај формалната слобода, многу основни човекови права останаа неостварени. Во една, колку е можно, куса форма ќе се обидеме да ги представиме основните човекови права опфатени од Универзална декларација за човекови права (УДХР) — декларација донесена од Генералното собрание на Обединетите нации на 10 декември 1948 г. во дворецот Шајо, Париз. Поради интерес на просторот и изобилството со содржини ќе го опфатиме периодот од осамостојувањето па до денес. До 2001 година конкурирањето за било кое државно место, работно или едукациско, се…