СТАНЕТЕ БРАЌА, НЀ ПРЕДАДОА!
Со овие зборови им се обратил домаќинот Митре на комитите од гоцевата чета, во мугрите пред самото погибие на војводата… …Сто и дваесет години подоцна во „слободна" и „независна" Македонија, одново нѐ предаваат и продаваат неразбраните безскрупулозни трговци од „нашата влада" и „нашата држава". Предавството е сѐ посилно и сѐ поприсутно од година в година. Слободно се веат знамиња на туѓи држави и организации, се искажуваат територијални претензии и закани за окупација сред Скопје, а се поведуваат прекршочни и кривични пријави за употреба на националното и семакедонско знаме - шеснаесетзрачното сонце од страна на родољуби. И сето тоа поминува незабележано! Провокациите одат дотаму што официјални преставници на соседни држави, евро пратеници од центарот на Скопје ни порачуваат дека ова е бугарска земја и дека ќе остане без рака…