ШИН ФЕЈН
Има нешто во ирската култура, водените брегови, гребени и пасишта што ме потсетува на дома. Неможам да ги избегнам споредбите за истоветната историска судбина како поробен народ и нивната борба за свој сопствен идентитет и сопствена земја. Ирскиот патриот Роџер Кејсмент напишал: Знам за две трагични истории во светот – таа на Ирската и таа на Македонија. И двете биле угнетувани и мачени. Роџер Кејсмент го платил својот патриотизам со неговиот живот. Нашите револуционери исто така биле убивани и мачени за Македонија. Денес кога Ирска се бори за својата независност и обединување тоа треба да биде искрата надеж за Македонската борба за сопствената слобода и независност. Минатата недела беше историска за ирскиот народ кој за прв пат и речиси неочекувано се разбуди со можноста да биде воден од…