Бунтовниците на Ан Видикомб
Пред неколку дена, Ан Видикомб, Британската претставничка во Европскиот Парламент говорејќи во истиот го изјави следново: “Во текот на историјата постои модел според кој угнетуваните луѓе се свртуваат против своите угнетувачи, робовите против своите робовладетели, селаните против феудалните барони, колониите против нивните империи. Затоа Британија заминува.” Нејзината поента, како што подоцна самата објасни во медиумите е дека ако народот е угнетен тој ќе се крене во бунт. Општата природа, објаснува Видикомб, на Европската Унија е угнетувачка. Малкумина во либералните медиуми во Европа го протолкуваа нејзиниот говор како логичен заклучок со кој се објаснува Брекситот. Таканаречените новинари погрешно ја претставија изјавата како небулозна затоа што во нивна интерпретација ЕУ не може да се спореди со робовладетелско општество а Британија како бела колонијална сила никако не може да биде жртва…