ДАЛИ ЌЕ ИМАМЕ ПАРТИСКИ СПИСОЦИ ЗА НАТО ЕДИНИЦИТЕ КОИ ОД РОМАНИЈА ЌЕ ВЛЕЗАТ ВО ВОЈНА СО РУСИЈА?
КОЛУМНА: ЗОРАН ЈОВАНЧЕВ, ПРЕТСЕДАВАЧ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА Колумната ќе ја започнам со јавната објава на градоначалникот на Општина Карпош, Стефче Јакимовски, кој на својот профил на фејсбук ќе напише, цитирам. „Имам како не од ВМРО-ДПМНЕ. Они ми донесоа список од 37 души. Сите се испочитувани. На сите што можевме им помогнавме. Секретарот е од ВМРО-ДПМНЕ, поставени се директори на основни училишта и градинки од таа партија.“ Ова е уште еден пример, во низата, како функционира партиската држава, која во суштина е рак рана на нашето општество. Со следење на штабска политика, а не национална, стигнавме до поразителни резултати во секој сегмент од нашето живеење, економија, образование, здравство, национални интереси, полиција, армија. Армијата се претвори во класична испостава на туѓи интереси, а „нивната“ земја, денес безимена и…