ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО „СЕВЕРНА“, ПРОТЕКТОРАТОТ НА ДИВИОТ ЗАПАД?!
За само една седмица се соочивме со недостаток на леб во продавниците, продолжија дојавите за бомби во училиштата, се случија убиства на блиски луѓе од власта, продолжи аферата Телеком преку која се проневерени милионски суми, а директен учесник е т.н. премиер и уште многу други нешта... Навистина, „нивната земја“ е на патот на каубојците од Дивиот Запад, нивните стратешки партнери кои опустошија цел еден континент и врз коските на домородното население изградија корпорации, истите кои денес се главната закана по безбедноста на светот, контролата врз човекот и неговото отчовечување. Владите на СДС и терористичката ДУИ, откако беа поставени во Собрание со нелегитимен спикер, инаку избран на скали, без потребно мнозинство, одамна го загубија моралниот компас. Тој неморал иако е прикриен со пропаднатата пропагандна машинерија на умрените национални телевизии,…