ПОВТОРНО НА СЦЕНА КАУБОЈСКАТА АМЕРИКАНСКА (НА СТРАТЕШКИТЕ) ДИПЛОМАТИЈА

Габриел Ескобар, заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, пристигнува во земјата која е темелно урната од нивната хибридна војна, т.н. „Шарена револуција“, или како што вели самиот, во земјата на Албанците и православните. За нас Македонците означување како православни не е навредливо, но од контекстот во кој е ова кажано, многу добро разбираме која е улогата на американската дипломатија, онаа која нам ни е добро позната! Во нивната перцепција оваа територија е земјата на Албанците, без друг национален елемент во неа, односно само верски - православен, со избришан македонски во целина. За воља на вистината, гледајќи ја моменталната состојба и вклученоста на сите албански партии во Владата и привезокот СДС која е седната во нивен скут, но исти такви се и проамериканските ДПМНЕ,…

ПрочитајПОВТОРНО НА СЦЕНА КАУБОЈСКАТА АМЕРИКАНСКА (НА СТРАТЕШКИТЕ) ДИПЛОМАТИЈА

ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО „СЕВЕРНА“, ПРОТЕКТОРАТОТ НА ДИВИОТ ЗАПАД?!

За само една седмица се соочивме со недостаток на леб во продавниците, продолжија дојавите за бомби во училиштата, се случија убиства на блиски луѓе од власта, продолжи аферата Телеком преку која се проневерени милионски суми, а директен учесник е т.н. премиер и уште многу други нешта... Навистина, „нивната земја“ е на патот на каубојците од Дивиот Запад, нивните стратешки партнери кои опустошија цел еден континент и врз коските на домородното население изградија корпорации, истите кои денес се главната закана по безбедноста на светот, контролата врз човекот и неговото отчовечување. Владите на СДС и терористичката ДУИ, откако беа поставени во Собрание со нелегитимен спикер, инаку избран на скали, без потребно мнозинство, одамна го загубија моралниот компас. Тој неморал иако е прикриен со пропаднатата пропагандна машинерија на умрените национални телевизии,…

ПрочитајШТО СЕ СЛУЧУВА ВО „СЕВЕРНА“, ПРОТЕКТОРАТОТ НА ДИВИОТ ЗАПАД?!

ЈАВНО ОБРАЌАЊЕ ДО АМЕРИКАНСКАТА И ГЕРМАНСКАТА АМБАСАДОРКА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Госпоѓи, или господа, (не се снаоѓаме најдобро со обраќањето во новата трансродова западна идеологија), Анџела Прајс, амбасадор на САД во Република Македонија иАнке Холштајн, амбасадор на Германија во Република Македонија. Со вашето лобирање за промена на Уставот на Република Македонија вие грубо ја кршите „Виенската Конвенција за дипломатски односи“ Промена на Уставот на една држава е внатрешно прашање на нацијата на таа држава.Со вашето мешање во процесите на промена на Уставот на Република Македонија, грубо се мешате во внатрешните работи на нашата држава, Република Македонија. Нашиот Устав беше оценет како еден од најдобрите 5 устави во Европа, во однос на индивидуалните и колективни права. Република Македонија со Референдумот од 30 Септември 1991 година јасно и недвосмислено се изјасни за Суверена Независна Република Македонија. А со референдумот од 30…

ПрочитајЈАВНО ОБРАЌАЊЕ ДО АМЕРИКАНСКАТА И ГЕРМАНСКАТА АМБАСАДОРКА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ДАЛИ НЕ ПОСТОИ АЛТЕРНАТИВА ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ!?

„Не постои алтернатива за уставните измени“, изјави германската амбасадорка Анке Холштајн, која заминува од Македонија. Во исто време се јави и американската амбасадорка Анџела Агелер, „Уставните промени да се случат час поскоро“. Родина Македонија укажува на недипломатското однесување на европските и американски претставници во Република Македонија, кои веќе подолг период грубо се мешаат во внатрешните работи на Република Македонија, кршејќи ги меѓународните конвенции за дипломатски претставништва. Ги потсетуваме дека уставниот поредок на Република Македонија е грижа исклучиво на македонската нација и е внатрешно прашање. Македонија имаше два референдума на кои македонската нација јасно и недвосмислено се изјани по прашања од внатрешното уредување и нејзината позиција во однос на НАТО и ЕУ, како и Договорот од Преспа. Доколку навистина се загрижени за правото и Уставот, западните амбасадори треба да…

ПрочитајДАЛИ НЕ ПОСТОИ АЛТЕРНАТИВА ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ!?

КОЈ ЈА ЛИКВИДИРА СЛОБОДАТА НА ГОВОР ВО 21 ВЕК !?

Вчерашниот ден ни го „разубави“ уште една активност на службите на западниот протекторат „Северна“, кои заедно со демонкратите од социјалната мрежа Фејсубк и нивните локални испостави ги избришаа профилите на Зоран Јованчев, претседавач на претседателството и Владимир Трајковски, член на претседателството на Родина Македонија.Без можност за жалба! Родина Македонија за неполни три години од своето постоење доживеа полициски информативни разговори на членови на Претседателството поради протест за присилниот карантин на нашиот народ, кривични пријави, условни казни за членови на претседателството и други членови од по 2000 евра, две бришења на официјалната интернет страна, постојани блокади на фејсбук страната со преку 10000 следачи, прекини на видео подкастот „Родински разговори“, упад и бришење на содржина во телефони, итн… Интересно е што тоа доаѓа од домашни и надворешни центри на кои…

ПрочитајКОЈ ЈА ЛИКВИДИРА СЛОБОДАТА НА ГОВОР ВО 21 ВЕК !?

ОТВОРЕНА ВОЈНА НА ДРЖАВАТА И ЗАПАДНИОТ НЕВЛАДИН ЛГТБ, СЕКСУАЛЕН СЕКТОР ПРОТИВ АКТИВИСТИ КОИ ГИ ЗАСТАПУВААТ ТРАДИЦИOНАЛНИТЕ ВРЕДНОСТИ НА МАКЕДОНСКОТО ОПШТЕСТВО!

Во нашата држава, која во суштина не е повеќе наша, туку е одземена од нас и која носи едно карикатурно име „северна“, име на франкештајн креација на западни инжинери и агентура, се води отворена војна против луѓе, активисти, организации, коалиции кои ги застапуваат и бранат традиционалните и семејните вредности на нашето општество. Дојдовме до моментот каде Јавното обвинителство и државни органи се вклучени во хајка против активисти, организации, здруженија, движења, само затоа што организираат настани кои ги бранат традиционалните и семејните вредности, испитувајќи го финансирањето на таквите настани. Го потсетуваме Јавното обивнителство и државните органи, дека има невладини организации кои беа предводници на државен удар при кој се промени името на државата Република Македонија, се урна уставниот поредок и волјата на нацијата, беа нападнати државните институции на Република…

ПрочитајОТВОРЕНА ВОЈНА НА ДРЖАВАТА И ЗАПАДНИОТ НЕВЛАДИН ЛГТБ, СЕКСУАЛЕН СЕКТОР ПРОТИВ АКТИВИСТИ КОИ ГИ ЗАСТАПУВААТ ТРАДИЦИOНАЛНИТЕ ВРЕДНОСТИ НА МАКЕДОНСКОТО ОПШТЕСТВО!

ЦИРКУЗОТ НАРЕЧЕН ШТЕДЕЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРИГИЈА!

Претседателот на Регулаторна комисија за Енергетика (РКЕ),Марко Бислимоски, ќе оди по скали наместо со лифт, но до скалите ќе пристигне со службениот автомобил кој полни бензин со парите од Буџетот на Република Македонија, односно со парите од македонскиот народ. Оваквите агенции кои се надвор од контрола на Владата, изникнаа како печурки после дожд, со единствена цел, корпорациските странски и приватни интереси да се постават над државните, односно народните, За остварување на профит и ништо друго. Една од главните програмски цели на Родина Македонија е укинување токму на овие Агенциите и враќање на ингеренциите под министерствата. Во Република Македонија, во изминатите 77 години од независноста, електроенергетските објекти се подигнати од македонскиот работен народ, заедно со електро дистрибутивната мрежа. Да потсетиме, во минатото Македонецот плаќаше и до 2000 германски марки…

ПрочитајЦИРКУЗОТ НАРЕЧЕН ШТЕДЕЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРИГИЈА!

ПОВИК ДО ПАРЛАМЕНТАРНАТА И ВОНПАРЛАМЕНТАРНАТА ОПОЗИЦИЈА ЗА ПОЧИТУВАЊЕ НА РЕФЕРЕНДУМСКИТЕ ОДЛУКИ!

Да се биде опозиција, опозит, значи да се биде поинаков од тој што во моментов владее.А тие во моментов владеат спротивно на народната волја изразена со Референдумите од 8 Септември 1991 година и 30 Септември 2018 година, спротивно на Уставот на Република Македонија.. Со референдумот од 30 Септември 2018 година, македонскиот народ даде јасен и недвосмислен одговор дека не сака во ЕУ под наметнатите услови, Преспа, но тука се мисли и на другите понижувачки договори. Македонија во НАТО е спротивно на референдумската волја, на диво! Токму „Францускиот предлог“ е дел од тој процес за кој веќе имаше референдумско изјаснување и нема потреба од ново! Родина Македонија ја прашува парламентарната опозиција, зошто народот излегуваше во изминатите 10 дена? Тоа сигурно не беше за референдум!Зошто таа енергија не беше поткрепена…

ПрочитајПОВИК ДО ПАРЛАМЕНТАРНАТА И ВОНПАРЛАМЕНТАРНАТА ОПОЗИЦИЈА ЗА ПОЧИТУВАЊЕ НА РЕФЕРЕНДУМСКИТЕ ОДЛУКИ!

ПАТОТ Е ЕДЕН И 110 ДЕНАРИ ЛИТАР БЕНЗИН!?

Последниот бран на поскапувања уште еднаш ни ја покажува безидејноста и бедата на „Нивната земја“, со единствена употребна вредност, воена колонија на САД и НАТО и депонија на нивниот отпад. Изборот е еден со „бесплатното“ европско здравство на три децениски пат кон ЕУ, со сите можни реформи и западни менаџирања на состојбите, ја донесоа Република Македонија до самата бездна, демографска, економска, социјална, морална. Алчноста на поединецот, корпорацијата и вечно ненаситна за ресурси западна цивилизација „вешто“ прикриена со театарот на демонкратијата! Цените на храната, енергенсите во голем дел се последица и од погрешната стратешка поставеност на Република Македонија, која со санкциите кон Русија, си стави јаже околу вратот и се обеси пред очите на НАТО и ЕУ, за да покаже колку сме НАТО и ЕУ! Нашата заглавеност во западниот…

ПрочитајПАТОТ Е ЕДЕН И 110 ДЕНАРИ ЛИТАР БЕНЗИН!?

ВИСТИНОМЕР, ЛАГИТЕ И КОНСТРУКЦИИТЕ НА ЗАПАДНИТЕ ПАРИ И НИВНИТЕ СЛУГИ!

На 27 април 2022 година, некој си „медиумски” „аналитичар” Жарко Трајаноски пишува текст за Родина Македонија, кој ако успеете да го прочитате до крај, ќе видите дека е од истата светска кујна каде се создаваат текстови за сите кои не се дел од западниот светски поредок, или модерно наречен BBB, Build Back Better, со нивниот лидер Џо Бајден. (Здраво Џо). Текстот е пренесен, замислете од Вистиномер, тој кој кажува што е вистина, а што лага, ама со западни пари и интереси. Финансиери на Вистиномер Бидејќи знаеме дека оваква плуканица полна глобален шлајм ретко кој може до крај да ја прочита, ние само ќе издвоиме еден дел, за да ви прикажеме како функционира тој декадентен отчовечен систем. „Проруската ориентација на „Родина Македонија“ се гледа и во статутот, каде што…

ПрочитајВИСТИНОМЕР, ЛАГИТЕ И КОНСТРУКЦИИТЕ НА ЗАПАДНИТЕ ПАРИ И НИВНИТЕ СЛУГИ!